KPAX НА СИСТЕМОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА PAЗУЗHBAЊЕ: Со денови нe работи системот за примање и заведување на документи и информации

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Крах на системот за документирање се случил во Агенцијата за Разузнавање, а вработените во агенцијата со денови не можат да работат

Вработените во Агенцијата за Разузнавање со денови не можат да работат поради пад на системот „Докјушер“ – дознава „Инфомакс“. Системот не работи од минатата недела, а според најавите нема ниту изгледи дека ќе биде ставен во функција до крајот и на оваа работна недела.

Не се примаат ни најосновни писма и пратки од други институции или странки поради неможноста да се заведат, дознава Инфомакс. Официјалното соопштение е дека се прави „бекап“ на системот, но изворите на „Инфомакс“ објаснуваат дека се работи за неможност за одржување на системот поради немање на соодветни ИТ инженери кои поради лошо менаџирање и демотивираност неодамна ја напуштиле АР, а веќе има најави и за нови откази.

Од АР си замина и координаторот на проектот „Докјушер“ кој учестувваше во имплементацијата на сите негови фази. Ова дополнително ја усложнува лошата состојба во која моментално се наоѓа АР, а во која по доаѓањето на Еролд Муслиу на чело на оваа агенција, на дневна основа се создаваат нови афери.

Во моментот сите вработени го губат времето во канцеларии, а разузнавачките информации застаруваат. Ова е посебно сензитивно во ситуација на кризна состојба и наплив на мигранит.

За ова време директорот е постојано на службени патувања. АР беше првата државна институција која уште пред четири години премина на целосно дигитално работење преку „документ менаџмент систем“.

Во меѓувреме, без конкурси за работа ниту интерни огласи за распоредување, во Агенцијата се вработени петмина припадници на етничките заедници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This