Kpeaтивнo: Bo кoнтejнep co бaнaни пpoнajдeни 100 килoгpaми kokaин нa aтинcкoтo пpиcтaништe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На атинското пристаниште Пиреас, во внатрешноста на контејнер полн со банани биле откриени и запленети 100 килограми кокаин, распределен во 90 пакувања, објавија грчките медиуми.

Според „Катимерини“, контејнерот пристигнал од Еквадор, а атинското пристаниште била крајната дестинација на товарниот брод.

Кокаинот не бил откриен при рендгенската проверка, туку бил пронајден по физичката контрола од секторот за борба со дрога на грчката полиција, во соработка со одделот за борба со финансиски криминал.

Ова е втор ваков случај во период од еден месец, кога на 3 февруари, исто така во контејнер со банани од Еквадор биле откриени и запленети 34 килограми кокаин, со таа разлика што тогаш, крајната дестинација била Турција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This