Kичевскиот манастир „Св.Богородица – Пречиста“ го прославува својот патрон, да се помолиме за здравје, мир и благосостојба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ни засветли светол и сечесен спомен. Се раѓа Живот, од беживотна утроба. На свет доаѓа Мајката на светот. Да ликуваат небесните, да играат земните, заедно со премудрите Јоаким и Ана. О, чудо преславно и необично, кој јазик може да ја воспее или која уста може да ја возвеличи Нејзината Красота. Посветла е од небесата и од зраците поблескава, Пречистата Царица.

Во понеделник на 21 септември православните верници го прославуваат Рождество на Пресвета Богородица или во народот позната како Мала Богородица.

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.

Култот на Пресвета Богородица има значајно место кај македонскиот народ. Многу цркви што го носат нејзиното име се изградени по соништа, а има и голем број преданија за чудотворни икони со ликот на мајката божја.

На Мала Богородица, исто така, се одржуваат големи народни собири во повеќе манастири што го носат нејзиното име како што е манастирот во Калишта.

Овој свет храм е домот на единствената икона каде Мајката Божја е насликана во црна облека и со црно лице, а и детето Исус е црно.

Позната како Богородица во црно, иконата е пронајдена во малата пештерска црква, а денес се чува во поголемата црква од комплексот.

Оваа икона е една од највредните во Македонија и се верува дека има неверојатна лековита моќ.

Традиционално на 20-ти вечерта како и секоја година посетете го нашиот кичевски Манастир Св.Богородица – Пречиста и помолете се за здравје, душевен мир, благодет и љубов.

– Преку нашиот медиум ја пренесуваме пораката до сите поклоници и посетители совесно да се придржуваат до сите пропишани мерки за здравствена заштита и превенција од вирусот COVID-19, односно, задолжително да носат заштитна маска, да користат средство за дезинфекција и да го запазуваат потребното социјално растојание.

Нека е за многу години!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This