May 16, 2021, 10:32 am

Lexus ES: Ново одело за Јапонскиот самурај

Поврзано

- Advertisement -

После три години на пазарот, актуелната седма генерација на Lexus ES помина низ рестилизација. Промените главно се во насока на унапредување на динамиката, естетски малку механички.

Така овој пет метри долг седан за новата продажна сезона доби би-ЛЕД предни светла, дотерани маска и браник и други тркала од 17 и 18 инчи. Платформата на која е поставен е нова и не и требаа многу корекции, но сепак подобрени се управливоста, задното ослонување и системот за сопирање.

Не е многу чепнато ни во внатрешноста каде покрај луксузот владеат и технологиите, овој пат засилени со изменет дигитален инструмент панел и нов поголем екран на инфо-забавниот систем.

Понудата е збогатена со F-Sport верзијата која се одликува со заден спојлер, потемни детали на екстериерот, 19-инчни тркала и спортски елементи во внатрешноста.

Електрониката е збогатена со два режима на возење и адаптивно ослонување кое динамички се прилагодува на вкупно 650 различни поставки. Моторната понуда за Европа остана иста – хибридната комбинација на 2,5 литарски бензинец со електромотор и понатаму испорачува вкупно 218 коњски сили.

Latest News

Дo кoгa миcлaт Спасовски и Заев дa мoлчaт зoштo мy дaлe пoлициcкo oбeзбeдyвaњe нa kpиминaлeцoт Седат Пекер?

До кога мислат Спасовски и Заев да молчат зошто му дале полициско обезбедување на криминалецот Седат Пекер?! Полициско обезбедување...

More Articles Like This