October 23, 2021, 8:32 am

Mицкоски со порака од Битола: Да се ослободиме од неспособноста, од криминалот и од корупцијата и да биде Битола за сите луѓе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најпрвин да го честитаме роденденот на формирањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ овде во Битола, да посакаме една успешна и победничка година, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Христијан Мицкоски.

-Да се ослободиме од неспособноста, од криминалот и од корупцијата овдека во Битола и да биде Битола за сите луѓе, а не само за неколкумина поединци, криминалци и луѓе коишто во изминативе четири години безмилосно ја пљачкаат Битола, изобилуваат со безидејност неспособност и луѓе коишто навистина ја вратија Битола во средниот век, а Битола тоа не го заслужува. Последниот пат кога бев овде во Битола кажав дека за мене Битола преставува посебен предизвик и тоа можам да го повторам и денеска на роденденот, дека за мене Битола преставува посебен предизвик, вели Мицкоски.

Тој додава дека очекувам после локалните избори во октомври Битола да го добие повторно оној сјај којшто го заслужува, а тоа е единствениот би рекол конзулски град во нашата Македонија.

Latest News

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја paнгиpaшe Македонија на трето мecто по cmpтност во свeтoт и избpишa двa гpaдa кoлкy Македонски Брод

Бројот на починати од корона во Македонија ја надмина бројката 7 илјади. Поточно последната статистика на Министерството за здравство...

More Articles Like This