September 28, 2021, 11:19 am

Mнозинството било на стаклени нозе: Петровска ќе биде разpeшена поради kaвгата со Морачанин – претседателката на ДОМ oдбивала да прави кворум во Сoбрание

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скоро официјална е веста дека денес на Владина седница директорката на Државниот инспекторатот за животна средина (ДИЖС), Ана Петровска, ќе биде разрешана од својата фунција. Причина? Наводно, претседатлеката на ДОМ, Маја Морачанин, му поставила услов на Зоран Заев, или ќе ја разреши Ана или таа нема да гласа во Собранието кога треба. Вантрепартиските превирања во ДОМ кои требаа да останат токму тоа, внатрепартиски, се прелија каде не смеат, во институциите. Ова НЕ СМЕЕ да се дозволи!

Не може да менувате луѓе поради уцени на пратеници кои имаат внатрепартиски проблеми, ако тоа е навистина причината! Кога бре во оваа земја ќе ДОЗВОЛИТЕ стручни луѓе да си ја вршат работата со интегритет и професионално⁉️

Директорката на ДИЖС, Ана Петровска, направи огромна промена во делувањето на овој инаку заспан и затворен инспекторат, каде директорите обично биле послушници и корумпирани личности. И сега, ја менувате поради еден глас во Собранието⁉️

Имате мнозинство од 62 пратеника, а потребни ви се 61. Ако до сега теравте ко ненормални со 62 гласа, не ви пречи ништо да продолжите со тоа темпо со еден глас помалку.

⁉️ Ова не може да биде вистинската причина поради која ја тргате Ана Петровска од чело на ДИЖС. Дали вистинската прична е тоа што НЕ ВИ ОДГОВАРА зошто постапува според законските обврски, врши инспекции каде треба и ги мати бизнисите на тие кои според вас не треба да ги чепка?

НЕ за смената на Ана Петровска од директор на ДИЖС!

Престанете со византиските игри и дајте еднаш да победат интегритетот, професионализмот, демократијата. Тргнете ги партиските игри и бизнис диловите од високите раководни функции, пишуваат од коалицијата О2.

На Фејсбук за најавата за разрешување на Петровска реагираше и невладината „Здрава Котлина“ од каде истакнуваат дека директорката е вистинска професионалец и апелираат до Заев да се откаже од идејата за нејзино разрешување.

-ПОДДРШКА ЗА АНА ПЕТРОВСКА

Го повикуваме и поддржуваме премиерот Zoran Zaev да реагира соодветно и да се одважи да ја одбие непринципиелната блеферска уцена на Маја Морачанин.

Премиерот Заев добро знае каков капацитет, интергритет и углед има Ана Петровска но и колку значаен е нејзиниот придонес во успехот на оваа влада! Не си пукајте во нозете пред избори, заради некаков хир на коалиционен партнер и позадинско лоби на еколошки загадувачи. Византиските игри не смеат да бидат на штета на граѓаните и ваква смена ќе биде директно на штета на сите нас.

Јавноста одлично гледа, разбира и ќе реагира соодветно!

Каде вака во Европа и дали навистина мислите дека не ве гледаат од надвор што правите?
Како ќе им објасните на Европските Зелени дека го сменивте најуспешниот службеник што ја имаше поддршката на целата јавност?

Ако се дрзнете да ја смените Ана Петровска заради некакви внатрепартиски глупости да знаете дека целосно ќе ја изгубите довербата од зелената јавност и организации!

Размислете добро што правите и не навлекувате дополнителен револт од граѓаните! Дозволете и поддржете ја Ана Петровска да си ја заврши работата што одлично ја прави за сите нас, пишуваат од Здрава Котлина.

Latest News

Љубомир Фрчкоски е пpeдлoжeн зa aмбacaдop вo OH

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска потврди дека во законодавниот дом е пристигнат предлог од Министерството за надворешни работи...

More Articles Like This