April 19, 2024, 10:08 am

Mакедонија постави светски рекорд по број на пoчинaти за една недела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изминатите седум дена, Србија е прва во Европа и втора земја во светот според просечниот дневен број на нови инфекции со коронавирус на милион жители, според ourworldindata.org.

Според оваа веб страница, Србија има просечно 1.018 нови случаи по малата островска држава Гренада, со просечно 1.447 новозаразени дневно, пишува белградскиот весник „Данас“.

Црна Гора се наоѓа на трето место, Монголија на четврто и Доминиканска Република на петто. Во првите десет земји се и Израел, Суринам, Куба, Санта Лусија и Антигва и Барбуда.

Од европските земји веднаш по Србија на списокот се наоѓа Словенија, со просек од околу 500 нови случаи на инфекции на милион жители во изминатите седум дена, а потоа следува Велика Британија.

Според бројот на смртни случаи минатата седмица, Гренада е повторно на прво место во светот со 212 смртни случаи на милион жители, а во Европа прва е Македонија со 96 починати лица, што е четврто место во светот.

Во Европа, според смртноста, по Македонија се Бугарија, БиХ и Косово, а Србија се наоѓа на 27. место во светот

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This