March 28, 2024, 10:02 am

Mитовски: Во нopмална држава ќе беше во притвор, а не министер додека трае истpaгата – од доктop стана ѕвep

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цела една кампања водевте врз лажираниот случај за одговорноста на малечката Тамара.

Организиравте атентат врз Никола Тодоров, тема која се уште не е отворена.

Велевте дека Македонија немала министер за здравство, туку министер за смрт.

Венко, дневно умираат од 30 до 50 луѓе, поради твојата и неспособноста на Комисијата во која поставен е спотер како Караџовски за да води политика која исклучиво одговара на приликите или неприликите на власта.

Ниту една мерка за заштита од корона вирусот не вроди со плод.

Немаше вакцини, а поради тој недостиг загубивме стотици сограѓани.

Немаше лекови, затоа што од МАЛМЕД чекаа ДУИ да направи фирма за увоз на лекови за да можат да има дадат само ним увозна дозвола, иако во тие моменти други компании можеа да увезуваат.

Венко, во градовите од внатрешноста нема лекари. Нема опрема, нема возила за Брза помош. Луѓе умираат од погрешни дијагнози, и од интервенции на слепо црево.

Клиничкиот центар во Скопје е руиниран, да не зборувам за оние во Штип, Кавадарци…па и оној во Тетово.

Единствено што функционира беспрекорно во Министерството за здравство, Венко, е инспекторатот за медицински канабис и издавањето дозволи.

Мислев ќе си дадеш оставка, дека имаш до толку доблест, ама не. Од доктор си станал ѕвер. Брука.
Велиш, ќе си останел да менаџираш со истрагата? Како тоа, друже? Со која истрага, а? – Со таа со која треба да ти утврдат неодговорност?

Вака, Венко. Одговорноста е утврдена, твоја е. Ти си виновен за вчерашната катастрофа. Ти си надлежен и си требал да се грижиш за безбедноста на пациентите.

Ти си го поставил директорот, ти си удрил параф за пуштање во употреба на модуларната болница.

Која истрага ја чекаш?

Па ти Венко, појма си немал што се случува во здравството. Не си знаел дека поради недостиг на кадар, услов за хоспитализација во ковид центар било еден член на семејството да глуми доктор.
Ти појма си немал дека ковид центрите биле извор на зараза во Тетово, и секаде каде што ги имало.

Венко, ти си одговорен и за епидемијата, и за лошото справување со кризата, и за вчерашното крешендо на твојата неславна политичка кариера.

Пакувај куферите, и напушти со време.

Нормална држава, до сега би те имала во притвор додека тече истрагата, а не како министер.
П.с. Велиш не е твоја експертиза да знаеш какви материјали се ставале во модуларните болници, ама ме интересира, ти во онаа касарна што ја правиш на Водно, пур-пена ќе ставаш или камена волна, а?

П.П.С. И ова, твоја е одговорноста и за економскиот крах, со непромислените протоколи на твојот спотер Караџовски, пишува на Фејсбук уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This