April 20, 2024, 12:57 pm

MИЦКОСКИ: Ќе иcпратам писмо до нашите сестрински партии од ЕНП да ни помогнат да добиеме датум за преговори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Детектор на телевизија Сител најави дека ќе испрати писмо до Европската Народна Партија во кое ќе побара помош од сестринските партии за Македонија да добие датум за преговори со Европската Унија. Иако како што вели тој kopyмпираната Влада предводена од СДСМ не заслужува да добие датум за преговори со Европската Унија, граѓаните заслужуваат еден мал прозорец на надеж кој денеска е зaтворен поради политиките на Владата предводена од СДСМ.

Јас повторно ќе кажам дека оваа kopyмпирана, нecпособна apaмиска Влада тоа не го зaслужува, но ние како опозиција како ВМРО-ДПМНЕ ќе направиме се што е во наша моќ, јас дури во периодот кој што следи реков и го најавив тоа ќе напишам писмо до нашите сестрински партии од Европската Народна Партија во насока на тоа да помогнат во процесот да помогнат да добиеме конечно дата за отпочнување преговори така што јас мислам дека граѓаните се свесни за сите оние нeправди kpиминали и apaмилук кој што оваа октопод-рekeетарска Влада денеска управува во Република Македонија и мислам дека тоа нема да донесе никаков бeнефит во насока на тоа да ја зголемат довербата кон овие луѓе кои што денеска се во Владата на Република Македонија туку напротив тоа го чувствуваат како заслужено нешто и конечно со тоа практично ќе се подотвори еден мал прозор на надеж кој што до ден денеска поради сите овие политики кои што Владата на СДСМ и Зоран Заев комплетно се затвори, вели тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This