Mиjaлков нemaл темпepaтypa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред да влезе во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција вечера, на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, му била измерена температура и таа не била висока.

Според протоколите за работа, на влезот се мери температура на сите, а исклучок не бил ниту Мијалков кој исчезна во неделата вечерта, а се појави вчера со објаснување дека бил во самоизолација поради температура од над 40
Целзиусови степени и сомневање дека се заразил со коронавирусот.

„А1он“ го праша Обвинителството дали на ексдиректорот Мијалков на влезот му била откриена покачена телена температура.

„Температурата што му била измерена на обвинетиот на влезот во зградата ги задоволувала критериумите согласно протоколите за влез во институциите“, одгворија од Обвинителството.

Извор: А1 ОН

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This