Mиjaлкoв cтигнaл до Белгpaд – Амepикaнците го вpaтиле, на 3aeв мy peкле „It’s finishеd“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Го пpaшуваме премиерот Заев, дали е точно дека некаде во претпладневните часови, Сашо Мијалков се наоѓал на периферијата во Белград, од каде преговарал, дефакто преку неговите адвокати како претставници во Република Македонија, со премиерот Зоран Заев, за негово враќање во Македонија запраша уредникот на Инфомакс, Александар Митовски во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“.

И дали дека тоа е нотирано во Македонија. Дали е тоа точно кога се вратил во Македонија и влез и излез во Македонија. А тогаш неговиот влез и излез одговорноста на човек за кој е определена мерка куќен притвор, распишана потерница централна, локална и меѓународна, ако тој контактирал и му дозволил влез во Македонија, тогаш е кривична одговорност за помагање при бегство е и кај премиерот, додаде тој.

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, сепак, побегнал од земјата и стигнал до Белград, но се вратил назад во Скопје откако бил постигнат директен договор со премиерот Зоран Заев, тврдат извори од ВМРО-ДПМНЕ.

Мијалков избегал во неделата, односно тогаш полицијата не успеала да го најде за да оди во куќен притвор, а преговорите со власта наводно почнале во понеделникот, откако меѓународната заедница извршила силен притисок врз Заев да се најде начин бегалецот до четврток да се врати во земјава. Но засега никој не знае што точно се договориле Мијалков и Заев.

Политичките импликации од целата работа е дека во Македонија можеш да направиш криминал, а ако направишш од тој криминал многу пари, можеш да се договориш, нема да има потреба од судии, обвинители, полиција, академии за јавни обвинители. Ако си успешен криминалец во оваа држава ти си слободен човек.

Една од посериозните политички импликации е исто така дека имиџот на Македонија во меѓународната заедница. Тој со ова е максимално уништен. Го читавте известувањето на Стејт департментот и Европската унија. да следат како ќе се одвива потрага по бегалец од правда. Мислам дека стејт департментот до сега следел само потрага по Ел Чапо и по Мијалков. – вели Александар Митовски.

За ова ќе треба да мисли Зоран Заев како ќе го оправда, она што имам информација од кулоарите дека добил сериозни предупредувања и нервозни пораки од преставниците од Американската амбасада во Македонија. Имаше една информација пред некоја недела токму Зоран Заев добил и порака дека треба да се стави крај – its Finished. Веројатно нешто, што точно не знам, но дека се нервозни, треба да завршат и дека треба да прекинат нешто и на кој начин се води државата, заклучи Митовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This