April 26, 2024, 12:00 pm

Mногу во историјата се обиделе да не размакедончат, се обврзуваме да се бopиме за да го вратиме сосила изгубеното, за овие луѓе и нивните семејства не останат заборавени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денот на бopците не би имал смисла, да не се поклони човек пред бopбата на децата-бегaлци во еден мачен живот.

Спомените на нивните семејства не можат да бидат избришани, колку и да се извртува вистината, не може да ти го одземат идентитетот, затоа што тој лежи во легитимноста да бидеш она што си, а ние сме Македонци.

Записот каков и да е може да биде порекнуван и да се менува, многу во историјата се обиделе да не размакедончат, но попусто.

И во минатото, но и денес, за да одиме таму каде што сме наумиле, прво мора да го исправиме рбетот на Македонецот, национално ослободување исто како во други времиња. Може да подадеме рака на секого и да простиме, но не и да заборавиме #МакедонијаНеЗаборава.

Најголем е народ кој верува во себеси, не смееме да прифатиме помалку од она што сме, за кое се умирало. Нема сила што може да ја избрише вистината за асимилацијата на егејците, затоа се обврзуваме да се бopиме повеќе за да го вратиме сосила изгубеното, за овие луѓе и нивните семејства не останат заборавени, а нивната борба попуста, да останат горди Македонци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This