MОЖЕТЕ ДА ЈА ОСТАВИТЕ ДОМА: Утре завршува законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до утре, 15 март, потсетува АМСМ.

Утринава сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.

Од завчера започнa изведување на градежни активности (поставување сообраќајна сигнализација и осветлување) на патен правец Велес – Катланово пред и во тунелот, во времетраење од 10 дена.

Од АМСМ информираат дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. Во моментов на автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. АМСМ апелира до сите возачи да не го користат автопатот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This