MРАЧНАТА ТРИЈАДА НА ЗАЕВ: Mакијавелизам, нарцизам и психопатија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

“…Ебем ти таков народ (МАКЕДОНСКИОТ НАРОД)… Сите организации (“шарени“, невладини, студенти, средношколци) се мои, јас ги плаќам… СЈО ќе преземе драстични чекори против….. Мамето мамино ќе му го ебам на Орце…“, ова е антрополошки, психолошки, социолошки, политички и сексистички профил со кој Зоран Заев ќе оди на брзи корона избори, на кои на нехуман начин здравјето и животот на гласачите ќе ги стави на коцка. И замислете, еве веќе гледаме (Куманово, Кочани, Струга, Струмица, Шутка) истите срамно ќе ги поткупува.

Примарните асоцијации на овој концепт секако се злочинците од психолошките трилери, хорор филмовите и епската фантастика. Во секој случај се такви што ни се следува крвта во вените. Ние во Македонија, не мора да гледаме вакви филмови. Си го имаме Зоран Заев и неговото деструктивно владеење. После се што видовме и доживеавме овие години, а особено во корона епидемијата, мислам дека овој концепт го имаме ин флагранти и во Македонија, поточно во ликот и делото на Зоран Заев. Пострашен хорор и понапнат психолошки трилер, здравје. Секако, мислам на неговото тотално и тоталитарно владеење со СДСМ и Македонија. Овој израз “мрачна тријада“, доаѓа од теоријата на личноста и се однесува на три деструктивни/патолошки стила, кои заедно се наоѓаат во само една личност: макијавелизам, нарцизам и психопатија. Го практикуваш ли макијавелизмот, те разобличува најмалку кога не очекуваш, дури и кога не сакаш. А нарцизмот и психопатијата ти се “пријатели“ кои ти помагаат да се претставиш таков каков што не си. Одиме со ред.

Овие стилови заслужено го поседуваат епитетот “мрачен/мрачна/мрачно“, бидејќи во нивната основа се вградени антисоцијалност, неискреност, егоцентричност, нехуманост, социјално деструктивен карактер, емоционална рамнодушност и манипулација. Тие се опачината на лажно насмевнатото лице на Заев. Тие се всушност маска, која треба да ги прикрие овие негови деструктивни особини. Јавно можете да зборувате се, ама ако зад тие зборови изостанат соодветното однесување и делата, е тогаш имате проблем. Одозгора на тога, ако не сте научиле дека кафеаната е нај големата јавна трибина и еден вид “народна говорница“ и таму вообичаено секој од нас го покажува вистинското лице, карактерот што го имаме и личноста која сме и проговориме ли нешто спротивно од тоа што го кажуваме на владината и партиската говорница, тогаш имаме проблем. Голем проблем. Е таков и толкав е проблемот на Зоран Заев.

Ноншалантно и неодговорно ги лаже членовите на својата партија, прорачунато ги става во заблуда коалиционите партнери (партии, поединци, “шарени“, невладини), бескрупулозно ги манипулира и навредува политичките противници, вулгарно ја заведува јавноста и примитивно-простачки го понижува МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. Има ли нешто полошо од ова? Му личи ли ова на партиски лидер, довчерашен премиер на Македонија? Еј, ало, алораа, па тој го има она најлошото и најгрдото во својата нечовечна психологија.

Оваа психологија (на животен концепт), ја викаат и “Бонд психологија“ (како пародија на успешен агент). Бидејќи колку е успешна, толку повеќе е сурова. Колку е ефикасна, многу повеќе е навредувачки срамна. Колку е мачо-сексистичка, уште повеќе е навреда и повреда на интелигенцијата и рациото. Во ваквата “Бонд психологија“ на Заев, макијавелизмот му е софистицирана цртка на личноста. Ја карактеризираат: дволичност, емоционална смрзнатост, манипулација со другите за постигање свои себични цели, ниска емпатија и екстернализација на вина. Се служи со искористување на другите, со давање на пари, продукти и функции, според принципот: подобро да манипулираш, отколку да те манипулираат. Во овие социјални интеракции тој не се поврзува емоционално. Затоа пак често покажува импулсивност и анксиозност(види ги кратките цитати од Заев под насловот, сети се на “… Пукнете бе вмровци…“, изјава од собраниската говорница и “… Еден суетен новинар, група криминалци и еден педер…“, изјава од прес конференција). За нарцизмот на Заев, со кој до небо ја само зголемува својата вредност и за неговата психопатија (отсуство на емпатија и пренагласено чувство на супериорност) во следните колумни.

 

П.С.
Денес, 17 мај 2020 година во Македонија има 30 ново заболени од корона вирусот и за жал 3 починати. Ова се идеалните услови на Заев за брзи корона избори.

Пишува: Сотир Костов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This