Maкедонија го има свojoт Pajx нa Илидeнcкa бeз бpoj

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На први јуни 1942 година, Варшавски весник на отпорот „Бригада на Слободата“ во јавноста обзнани дека 10-тици илјади Евреи се убиени од нацистите користејќи гас во концентрациониот логор во Челмно, дури седум месеци од кога започна масовното истребување на Евреи за време на Втората Светска Војна.

Една година порано беше осимслено Хитлеровото „Конечно решение“ за масовно истребување на европските Евреи, а се започна со убивањето на 700-тини Евреи со гас Циклон-Б во Челмно, гас со кој до крајот на војната ќе бидат убиени 1,2 милиони луѓе.

This image has an empty alt attribute; its file name is holocaust-066-1024x838.jpg

Се разбира ваквите тврдења на отпорот во окупирана Полска беа пречекани со негирање од нацистичка страна, а негирањето на Холокаустот е идеја која се проткајува и до ден денес, а во многу држави меѓу кои и денешна Германија е казнива со закон. Oбвинувањата тогаш се слични како и денес, лажни вести.

За да се сокрие операцијата која денес сите ја знаеме како Холокауст, лидерот на СС дивизиите, Хајнрих Химлер наредил никој да не говори јавно за масовното истребување, дополнително тој измислил новоговор со кој на пример насилните операции кон Евреите ги нарекува акција (Aktion), депортацијата во концентрациони логори ја нарекува преселување на Исток (Umsiedlung nach dem Osten) и за крај терминот специјален третман (Sonderbehandlung) означувал убивање.

Покрај кодираниот јазик и заветот на молк, Химлер ги уништувал сите физички докази меѓу кои и телата на убиените со цел да го сокрие злосторството.

Лагата за односот на Германците кон Евреите отишла дотаму да на 23 јуни 1944 година, нацистите му дозволиле на тим од Црвениот крст да го посети гетото во Терецин во окупирана Бохемија денешна Чешка. Нацистите се надевале дека ќе успеат да ги пропагандизираат обвинувањата за лажни вести со тоа што ќе покажат хуман однос кон Евреите во Терецин, а сето тоа ќе биде документирано од невладината организација.

Во Терецин се појавиле двајца дански претставници и еден швајцарски претставник на Црвениот крст, а посетата траела само шест часа. СС дивизијата депортирале 100-тици Евреи од Терецин за да го намали бројот на жители во оваа густо населено гето, се саделе градини, се фарбале куќи, се отвориле кафулиња и театри, се во пресрет на посеатата. По посетата продолжила депортацијата на жителите на гетото во еден од најозогласените кампови на смртта Аушвиц.

И покрај напорите на Нацистите да се спречи протекување на информациите од логорите на смртта од луѓе кои избегале од камповите и преживеале да ја раскажат својата приказна информациите стигнале до Западот. Сепак и тогаш како и сега постоела психичка бариера да се прифати Нацистичката програма на смртта, Холокаустот е гнасно и ирационално нешто и е неприфатливо за луѓе кои логично размислуваат и имаат чиста душа.

Во тоа време Нацистите го користеле изговорот и „лажните вести“ кои ги користеле Британците за време на Првата Светска Бојна кога британските медиуми ги обвинувале Германците за стравични злосторства во окупирана Белгија, обвинувања за силувања, убивања на бебиња со бајонети, користење хемиско оружје во форма на токсични гасови итн.

Да се вратиме во денешницата кога повторно „лажните вести“ се централна тема на нашето живеење особено кога се работи за коронавирусот.

„Missing context“ на македонски недостиг на контекст ова е известувањето кое го доби редакцијата на Инфомакс откако од страна на „Вистиномер“ беше означена една вест поврзана со колабирањето на двајца македонски граѓани по примањето на вакцината за коронавирус.

Не само што во Македонија, а и пошироко се „мери“ вистината туку започнува да се мери и контекстот, во конкретниот случај Инфомакс се обвинува дека со „непрецизен наслов се фрла сомнеж врз безбедноста на вакцините против Ковид 19“. Ваквата очигледно немериторна оценка ја дава Вистиномер и покрај фактот што во самиот текст на Инфомакс се цитира министерот за здравство Венко Филипче кој вели дека „во текот на вчерашниот ден двајца граѓани колабирале, но нивната состојба не се доведува во врска со вакцините“.

И покрај фактот што е пренесена изјавата на Филипче на Вистиномер не им се допаѓал насловот и сето тоа ќе беше во ред секој има право на свое мислење доколку нашиот портал нема намален „reach“ на Фејсбук, поточно нашите вести од ден во ден допираат до се помала публика.

Замислете 100 илјади луѓе да се претплатени на еден весник и тој да се печати во 100 илјади копии, но доставувачот во нашиот случај Фејсбук поради оценка на некое трето лице во случајот „Вистиномер“ да доставува копии само до 20 илјади наши претплатници.

Што е проблематично е тоа што самата рецензија се коси со здравата логика, еве самите нека си го постават прашањето, дали доколку не биле вакцинирани луѓето ќе колабирале? Не. Колабирале откако биле вакцинирани и затоа што биле вакцинирани. Дали се работи за паничен напад или страв од игли е сосема небитно важно е дека насловот не е надвор од контектс, луѓето биле вакцинирани и потоа колабирале како што и гласи самиот наслов „Koлабирале две лица по примањето на вакцината во Борис Трајковски“.

This image has an empty alt attribute; its file name is 4-infomax-mk-posts-facebook.png

Да потсетиме уште еднаш дека во самиот текст е цитиран министерот за здравство Венко Филипче кој вели дека нема поврзаност на вакцината со колапсот кое само по себе е нелогично, но нејсе никој од нас не е доктор.

И замислете ситуација каде во 1942 година постои Фејсбук и постои Вистиномер, а официјалните германски претставници поконкретно СС офицери и тогашниот Нацистички режим негираат дека се случува Холокауст, Инфомакс пишува за германските злосторства и Вистиномер не цензурира…

Ја разбирате поентата?

Свесни ли сте колку е опасна оваа работа која ја правите?

Теориите на заговор станаа лажни вести, а во светската историја немаме теории туку пракси на заговори, да започнеме од убиството на Цезар да завршиме со оружјата за масовно уништување.

-Многу од нас сме убедени дека Садам Хусеин ќе дојде до нуклеарно оружје за кратко време. За колку кратко време не знаеме. Разузнавањето е несигурна работа дури и во најдобри услови. Ова е особено случај кога се борите со тоталитарен режим кој направи наука од лажење на меѓународната заедница. Да ви дадам само еден пример за тоа што мислам. Пред Заливската војна најдобриот американски офицер за разузнавање доаѓаше во мојата канцеларија и ми кажуваше дека Садам е на 5 или 10 години до прибавување на нуклеарно оружје. По војната дознавме дека тој е на само година дена до прибавување на такво оружје, изјави тогашниот потпретседател на САД, Дик Чејни на 26 август 2002 година, a војната со Ирак започна на 20 март 2003 година само неколку месеци по овој жесток говор, а заврши речиси 9 години подоцна во 2011 година.

1.625 инспектори на ООН и САД поминаа две години пребарувајќи 1.700 локации трошејќи 1 милијарда долари во потрага по оружје за масовна деструкција, нуклеарно оружје на Садам Хусеин, но такво нешто не беше пронајдено во Ирак.

Според темелниот извештај на САД, Садам Хусеин го уништил своето последно оружје за масовно уништување пред повеќе од една деценија и неговиот капацитет да создадо ново со годините се намалувал.

И сега се поставува прашањето, ако нашата редакција како тим кој се бави со голем број истражувачки стории напишеше во 2002 година дека Ирак нема оружје за масовно уништување ќе бевме цензурирани на Фејсбук од страна на Вистиномер и ќе бевме обвинети за ширење на лажни вести? Дали Фејсбук среде војна на САД со Ирак ќе го блокираше Дик Чејни бидејќи претставил лажна „casus beli“ – причина за војна?

Ова што сега се прави на Западот и во Македонија Кина го прави веќе со децении, целосна контрола врз информирањето на граѓаните е клучната цел на илјадници агенти на кинеската држава кои ја контролираат секоја информација која стига до кинеската јавност, нивниот систем е само поусовршен.

Свесни ли сте драги „вистиномерци“ дека денес немаше да го живееме „новото нормално“ ако во Кина постоеше слобода на говор и слободен пристап до информации?

Да точно, ликот на овој непознат херој треба да го знае целиот свет, целиот свет треба да го слави докторот свиркач кој прв го предупреди светот за опасноста од новиот коронавирус кој во 2019 година се појави во Вухан, Кина.

Кинески лекар Ли Венлианг кој се обиде да го издаде првото предупредување за смртоносната епидемија на коронавирус почина наводно од Ковид 19.

Ли Венлианг се заразил со вирусот додека работел во Централната болница во Вухан.

Тој ги предупреди медицинските лица на 30 декември за опасноста од Ковид 19, но полицијата му рекла да престане со „лажните вести“!

Имаше контрадикторни извештаи за неговата смрт и сериозни сомнежи за причината за смртта.

На 30 декември 2019 година тој испрати порака до колегите лекари на Веибо попознато како кинескиот Фејсбук со предупредување да носат заштитна облека за да избегнат инфекција.

Четири дена подоцна бил повикан во Бирото за јавна безбедност каде му било речено да потпише писмо. Во писмото тој бил обвинет за „давање лажни коментари“ што „сериозно го нарушиле општествениот поредок“.

Тој беше едно од осумте лица за кои полицијата рече дека се водат истраги за „ширење гласини“ или по нашки „недостиг на контекст и лажни вести“.

Во својата објава во Веибо опишува како на 10 јануари почнал да кашла, следниот ден имал треска и два дена подоцна бил во болница, му бил дијагностициран коронавирус на 30 јануари.

Без разлика на потеклото на коронавирусот за мене Ковид 19 е кинескиот Чернобил, катастрофа која можеше да биде спречена само доколку во Кина имаше мала доза на слобода на говор и печат. Замислете преку масовен локдаун и карантин во Вухан под притисок на светската и кинеската јавност, вирусот да беше изолиран, а ние денес да можевме да ги гушнеме своите баби и дедовци, мајки и тактовци без да се плашиме дека можеме да ги убиеме… Замислете колку работни места ќе беа спасени, колку човечки животи ќе беа спасени, само ако луѓето можеа да го кажат и напишат тоа што мислат…

И што е најтрагично она што ја започна оваа пандемија сега се нуди како лек за истата, цензура и губење на човековите права и слободи.

Доаѓаме до вакциналните пасоши…

Според британските медиуми овие вакцинални пасоши ќе бидат дозвола за вработување, дозвола за патување, дозвола во превод за живот… Пасошот најверојатно ќе биде дигитален и ќе го имате на вашиот смарт телефон, на него ќе го има вашето име и презиме, датум на раѓање, а многу веројатно и вашиот матичен број.

Ова ужасно потсетува на дигитална лична карта во која има еден податок плус, дали сте вакциниран. Токму за оваа дигитална лична карта британскиот премиер, Борис Џонсон вели дека е цитирам „рецепт за тиранија и репресија“ иако сега Британија ќе биде меѓу првите држави во светот кои воведуваат ваков вакцинален пасош.

Британските медиуми пишуваат дека истата дигиталната лична карта може да се поврзе со системот за препознавање на лица за да можеше на пример да посетиш еден паб, камерата ќе треба да те препознае како вакциниран.

Oна што е најстрашно е што ваквата идеја се повеќе се популаризира, а премногу наликува на „системот за социјален кредит“ во Кина.

Oвој систем во Кина се користи за спроведување на тоталитарино мониторирање на општеството, а истиот сега е поврзан со здравствениот систем за спречување на Ковид 19 во Кина, апликација која го следи вашето движење, ви одредува изолација итн…

Ваквата комбинација на дигиталната здравствената легитимација, кинеската лична карта и системот за социјален кредит кинеската Влада го нарекува цивилизациски кодекс овој нов систем во Кина на луѓето им дава цивилизациски скор кој ги рангира на различни нивоа, а потоа кинеските власти го користат за да определат кој има приоритет за рестрикции и казни.

Во кинескиот систем за социјален кредит, можеш да бидеш казнет ако говориш лошо за Владата, но и за други „претстапки“ како лошо возење, пушење на возови, купување премногу видео игри, јадење нездрава храна, купување премногу алкохол, разговор на телефон со човек кој има лош рејтинг во системот, да имаш пријател на кинеските социјални мрежи кој има лош рејтинг, ако постираш „лажни вести“ онлајн, ако пристапуваш до недозволени веб страници, ако го шеташ кучето без каиш и ако ти лае премногу кучето.

Поради овој систем во Кина 2.5 милиони граѓани не можат да купат авионски билети, а 90 илјади граѓани не можат да се возат во брзите возови.

Франсоа-Мари Арует попознат по неговиот прекар Волтер бил француски просветителски писател, историчар и филозоф познат по својата духовитост, неговата критика на христијанството – особено Римокатоличката црква – како и неговото застапување за слободата на говорот, слободата на религијата и одделувањето на црквата и државата.

Многумина овој цитат му го препишуваат токму на Волтер „Јас не го одобрувам она што го зборуваш, но ќе го бранам до смрт твоето право да го кажеш тоа што мислиш“, но вистината е дека цитатот е напишан во книгата „Пријателите на Волтер“.

Евелин Беатрис Хол попозната под псевдонимот С.Г. Талентајер, е англиска писателка најпозната по својата биографија за Волтер под наслов Животот на Волтер , првпат објавена во 1903 година како и кингата „Пријателите на Волтер“ издадена во 1906 година.

Во „Пријателите на Волтер“, Хол ја напиша фразата: „Јас не го одобрувам она што го зборуваш, но ќе го бранам до смрт твоето право да го кажеш тоа што мислиш“ како илустрација за верувањата на Волтер. Овој цитат – кој понекогаш му се припишува погрешно на самиот Волтер – често се цитира за да се опише принципот на слобода на говорот.

И токму така целосно се согласувам со оваа голема мисла која е моја животна водилка и Вистиномер имаа право да напишат што сакаат, но не и да цензурираат.

За крај ви се обраќам лично, никој не може да ви каже која професија ќе ја изберете, што ќе работите во животот и што ќе правите со својот ден затоа што верувам дека најголемиот дар од бога е слободната волја. Но можам да ви се обратам и да ја говорам вистината која ви е толку мила, ова што денес го правите го движи светот кон тоталитарно општество, Вие го поплочувате патот кон пеколот, а сите знаеме дека патот кон пеколот е поплочен со добри намери.

Клучното прашање е колку години треба да поминат за вистината да биде вистинска?

Пишува: Милош Милошевски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This