Maкедонско државjaнство ќе се добива без познавање на македонски јазик?

Поврзано

Македонскиот oфицep нeмa jyжнoaфpикaнcки coj нa виpycoт, cтaнyвa збop зa нигepcки coj

Македонскиот офицер кој беше донесен од Африка не е заразен со јужноафриканскиот сој на корона вирусот, туку кај него...

Џафери: Paмaзaн Бajpaм нeкa дoнece пoлни cpца и yм co yбaви и пoзитивни миcли

Овој празник кој е посветен на милоста, љубовта и меѓусебното простување, нека донесе полни срца и ум со убави...

Пoлициcки чac oд пoлнoќ дo 4 чacoт нayтpo, дeл oд koвид-цeнтpитe зaтвopeни

Од вечер на полноќ стартува скратениот полициски час кој ќе трае до 4 часот наутро. Со одлука на Владата...
- Advertisement -

Преговорите меѓу Владата и алабанската опозиција за законот за државјанство заглавија на јазикот. Алијанса на Албанците и Алтернатива чекаат одговор од власта дали за нејзе е прифатливо македонско државјанство да се добива без познавање на македонскиот јазик, што сега е законски услов.

Првично, во законот бил ставен предлогот: апликантите за македонско државјанство да познаваат еден од двата службени јазици, што веднаш било одбиено во преговорите од страна на власта како неуставен.

Потоа, како што откриваат од Алијанса на Албанците, предлогот е сменет во познавање на македонскиот јазик или пак, јазикот кој го зборуваат припадниците на заедица што сочинува над 20 отсто од граѓаните како што е дефинирано и во уставот.

Тоа, значи државјанство да се добива само со познавање на албански јазик.

За овој предлог, извори од албанската опозиција велат дека се уште нема одговор од власта, но неофицијално од таму велат дека непознавањето на македонскиот јазик било причина да се одбијат само 6 од 2700 апликанти за државјанство.

Официјално никој не сака да говори за новите проблеми во законот за државјанство. Новиот камен на сопнување ќе биде дел од разговорите меѓу владини претставници и претавници на албанската опозиција до крајот на неделава.

Постигнат е договор државјанството да не се добива по пат на тројца сведоци како што првично бараа Села и Гаши туку преку документи, како што е пример, свидетелство од македонско училиште.

Од целосниот договор за овој закон зависи и одблокирањето на парламентот. Имено Алијанса и Алтернатица преку стотици амандмани имаат заглавено над 20тина закони во Собрaнието. Од таму веќе најавија дека нема да ги повлечат амандманите се додека не се договори законот за државјанство.

Latest News

Пopaнeшниoт гeнepaлeн ceкpeтap нa HAТO, Џорџ Робертсон – „Бугарија дa гo ykинe вeтoтo зa Македонија“

Претседателот на Евроатлантскиот клуб и поранешен министер за надворешни работи на Бугарија, Соломон Паси, го поддржа повикот на Роберсон...

More Articles Like This