Maкeдонските фудбалepи станaa cвeтска атpaкциja: Легeндapната „Мapка“ го интepвjyираше peпрезентативниот голман – Ќе бидеме бomба на ЕП

Поврзано

Mecи и компанија „лудуваа“ во својот автобус по синоќешниот трофеј… (ВИДЕО)

Барселона дојде до нов трофеј во Шпанија освојувајќи го кралскиот куп по синоќешната победа во финалето над Атлетик Билбао...

Одлична вест за љубителите на фудбалот: Италија дозволи гледачи на натпреварите Европско фудбалско првенство

Италијанската Влада дозволи присуство на гледачи на натпреварите на претстојното Европско фудбалско првенство кои ќе се играат на Олимпискиот...

Пaндeв за грчка Газета: Ha Гpциja прво ми текнува на лето и одмop, нe ми ce дoпaѓa политикaтa

Имам играно за многу тимови, имам видено многу, имам освоено сè од титули, но, да победуваш со твојата репрезентација...
- Advertisement -

Столе Димитриевски беше еден од хероите во Дуизбург и заврши одлична работа на голот во дуелот против Германија, бидејќи во првото полувреме му одбрани еден одличен удар на Гнабри, а во тој период од играта го пратеше и среќата кога Горецка погоди во дирекот.

Со исклучок на голот од пенал на Гундоган, Германците не го тестираат премногу Столе во вториот дел во кој Тимо Вернер се посрамоти во 80-та минута, а голманот на Рајо сега за угледниот шпански медиум „Марка“ откри какво лудило настанало на теренот, а воедно го посочи лошото прифаќање на поразот од страна на фаворитот.

– Беше вистинска лудница за нас, навистина беше неверојатно. Кога судијата отсвири крај, не можевме да поверуваме, резултатот на семафорот не беше реален. Ова е најголемата победа во историјата на нашата селекција. Ние ќе бидеме вистинската „бомба“ на Европското првенство, сигурен сум во тоа, а ќе бидеме во игра и за пласман на Светското првенство во Катар. Германија и Романија ќе мора да се испотат.

– Што се однесува до мечот со Германија, настапивме на него многу мирно, знаевме дека мора да бидеме многу концентрирани во првите 30 минути и не смеевме да направиме грешка. Кога дојдовме блиску до Тер Штеген, тие почнаа да имаат сомнежи во себе и станаа нервозни. Секако дека имаа шанси, тоа е Германија.

– Мислеа дека лесно ќе го свртат мечот и по голот на Пандев, ни израмнија со сомнителен пенал, а судијата им прости чист пенал од Емре Џан. Потоа стигна голот од Елмас. Германците го прифатија фатално лошо, не ни честитаа за победата, а тоа мене не ми изгледа во ред. Невозможно беше да се промени дресот, бегаа на два метра од нас од бес и нервоза, – открива Столе.

Latest News

Џафери ја злoyпотрeби функцијата претседател на Собранието

– Пратеникот Елми Азири од Алијанса за Албанците денеска на прес-конференција изјави дека смета оти ова што се случило...

More Articles Like This