MAЖИТЕ КОИ ШТО СЕ ИЗЛОЖЕНИ НА ЗАГАДЕН ВОЗДУХ,ИМААТ ПРОБЛЕМ СО МАШКОСТА!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мажите кои живеат во близина на главни сообраќајници, односно се повеќе изложени на загаден воздух, имаат поголем ризик од проблеми со epeкцијa и неплодност, покажуваат најновите истражувања на Универзитетот Гуангџоу во Кина.

Во лабароториските испитувања направени на стаорци било утврдено дека оние изложени на загадување какво што има во близина на прометни сообраќајници имале повеќе проблеми со еректилна дисфункција.

Во испитувањето со стаорци имало четири групи. Првата група била изложена на загаден воздух два часа дневно во текот на три месеци, втората на четири часа, третата на шест, а четвртата, контролна група, била поштедена од вдишување загаден воздух, стои во извештајот од истражувањето објавено во стручното списание Journal of Sexual Medicine.

Резултатите ги загрижува научниците бидејќи тоа значи дека токсичните честички влегуваат во крвотокот и стигнуваат до гeнитaлиитe, отежнувајќи го протокот на крв, а тоа резултира со знаци на epeктилнa дисфункција.

Тоа не е единствениот проблем што го предизвикува загадувањето, а се одразува на ceкcуaлниoт живот на мажите – загадувањето влијае и на капацитетот на белите дробови, што значи дека мажите кои се изложени на загаден воздух побрзо се заморуваат за време на ceкc и имаат помала издржливост.

Загадувањето може да влијае и на плодноста кај мажите. Машката неплoднocт пред 20 години беше причина за брачна нeплoднocт во 20% од случаите, а денес изнесува 40%. Мажите изложени на загаден воздух имаат поголем ризик од нeплoднocт, во споредба со здрави мажи кои се помалку изложени на загадувачи или воопшто не се.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This