Maкедонија како Jaмајка: СДCM ќе поддржи дeкpиминaлизација на канaбиcoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпреседателот на СДСМ, Коста Петров, беше дел од говорниците на Форумот за канабис каде што се дискутираше за можностите, политичката волја и ангажманот на граѓанските организации во процесот на декриминализација и легализација на канабисот. Тој нагласи дека СДСМ ги следи европските процеси, се модернизира и настојува да отвори дебата за сите теми за кои постои интерес кај граѓаните.

„Самиот факт што сум тука значи дека ние во партијата сериозно дискутираме на оваа тема. Но ние сме модерна и европска партија и ги следиме процесите. Граѓанските организации имаат конкретни барања во врска со канабисот и ние мораме да зборуваме за нив. Некогаш работите не се одвиваат со темпо како што посакуваме, но ако вака, како денеска дискутираме, тогаш ќе дојдеме до решение. Ова е историска можност, се отвораат економски перспективи, примерите се бројни. Ние во партијата зборуваме за ова и поддржуваме процес на декриминализација“- нагласи Петров и додаде дека не го знае ставот на СДСМ од претходно, но дека сега тој став се менува и токму неговото присуство на форумот многу зборува за подготвеноста на СДСМ да учевствува во процесот на декриминализација на канабисот.

Тој ја нагласи важноста на едукацијата која има здравствен и економски аспект.

„Целиот процес ќе трае долго, но ако постои политичка волја и посветеност на граѓанските организации може да се успее. Заеднички да ги дефинираме, прво декриминализацијата, а потоа да дискутираме како ќе оди процесот, кој модел ќе го следиме, дали ќе имаме комбиниран модел, дали како Холандија, Португалија или Италија. Ова е процес што ќе трае, но со добра политичка волја и со фокус на едукацијата ќе ги видиме сите ефекти на канабис. Економскиот бенефит не може никој да го негира. Само во Канада влегоа 8.4 милијарди долари, имаше 10 000 вработувања, а црниот пазар падна за 20 отсто“, заклучи Петров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This