Maлолeтници од Србија пpeтeпaле до cmpт 25 годишен маж

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Две малолетни лица на возраст од 16 и 17 години од Алексинац беа уапсени денеска под сомнение дека учествувале во тепачка во која беше претепан до смрт Алекса С. од тој град на 16-ти мај. Претходните денови беа уапсени уште четири лица заради овој настан.

Во тепачката Алекса се здоби со тешки телесни повреди, од кои почина следниот ден.

Во соопштението на полицијата во Ниш се вели дека две малолетни лица на возраст од 16 и 17 години се обвинети за кривично дело учество во тепачка, бидејќи, како што се сомнева, тие учествувале во тепачка во ресторан во Алексинац на 16 мај во која 25-годишен маж се здобил со сериозни телесни повреди. И починал следниот ден, пренесува Танјуг.

Претходните денови полицијата го уапси и О. П. (2003 година) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело тешка телесна повреда, М. С. (1995) и З. Т. (2003 година), осомничен за кривично дело учество во тепачка, како и Ј. Р. К. (1982 година) под сомнение дека, по тепачката, го сокрила дигиталниот рекордер за видео надзор и со тоа ја попречила истрагата.

16-годишникот и 17-годишникот беа донесени во Вишото јавно обвинителство во Ниш со кривична пријава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This