April 19, 2024, 10:02 am

Maфиjaшот Beљo Heвoлјa плaниpaл пpв дa бидe y6иeн Андреа Вучиќ, бpaт нa српскиот пpeтceдaтeл Александар Вучиќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во спектакуларна акција на српската полиција во четвртокот беа уапсени 17 членови на мафијашкиот клан предводен од Вељко Беливук, познат како Вељо Неволја, која група која според началникот на белградската полиција била опасна и „наследничка“ на озлогласениот Земунски клан. Тие се сомничат за најмалку осум грозоморни убиства, изнуда, киднапирања.

Српската јавност е згрозена од информацијата дека при претрес во домот на Беливук е пронајдена човечка коска, за која форензичарите ќе испитуваат кому му припаѓа.

Криминалната група имала добри врски и доушници во полицијата и во секој момент знаеле ако се подготвува некоја акција. Членовите на кланот Беливук ги намамувале, а потоа ги мачеле жртвите, ги киднапирале и ги носеле во куќа во белградско предградие, која ја користеле за убиства. Полицијата таму затекнала добро обезбеден објект, со најсовремен видео надзор и опкружен со висока ограда, се дознава од истрагата.

Според извори на медиумите кои известуваат за случајот, групата имала свои линкови со српски фудбалски клубови, музички ѕвезди, но и со политички структури. Како што дознава „Република.рс“, Вељо Неволја планирал прв да биде убиен Андреа Вучиќ, брат на српскиот претседател Александар Вучиќ, а за таа цел бил ангажиран и снајперист од Босна кој имал искуство во војната.

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека фокусот ќе биде на откривање на оние кои работеле за државата и ги штителе криминалците.

– Карактеристика на мафијата е дека тоа е организиран криминал кој има поддршка од некои државни тела. Фокусот е да се види кој им пружал поддршка на криминалците додека примал плата од граѓаните на Република Србија – рече Брнабиќ.

Извори од истрагата за српски медиуми откриваат дека на разоткривањето на една од најголемите криминални групи во регионот се работело со месеци, откако се појавиле информации дека групата ги снимала злосторствата и ги препраќала преку апликацијата „Скај“, која ја користеле за меѓусебна комуникација.

Неофицијално, постоеле информации кои укажувале дека на еден од убиените му ја отсекле главата, на друг јазикот, додека ги топеле деловите од телата.

Српскиот министерот за внатрешни работи Александар Вулин потврди дека во еден од становите на соработниците на Беливук бил пронајден снајпер со придушувач, а дрога, оружје и пари пронашле речиси во секој од становите на членовите на озлогласената група.

Вељко Беливук и неговиот најблизок соработник Марко Миљковиќ, како и уште 20 членови на мафијашката група се во притвор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This