Macaкр: Убиeни над 200 азербеџански вojници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претставникот на Министерството за одбрана на Ерменија, Акрун Хованисјан, изјави дека азербејџанската армија претрпела големи загуби во конфликтите во Нагорно Карабах – загинале околу 200 војници, додека билансот на ерменската страна – 17 убиени и над 100 ранети.

Според него, состојбата на теренот е иста како и порано, конфликтите продолжуваат на северот и југот на територијата.

Претходно беше објавено дека Владата на Ерменија прогласи воена состојба поради ескалацијата на ситуацијата во Нагорно Карабах. Премиерот на Ерменија, Никол Пашинијан, вели дека борбените дејствија на Азербејџан се провокација, а претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, тврди дека ерменските сили отвориле оган, а тој исто така го нарече нападот провокација. Москва повикува на итен прекин на конфликтот.

Набргу потоа, Азербејџан воведе воена состојба во неколку региони на земјата.

Во исто време, Ерменија најави општа мобилизација.

„Со одлука на Владата во Република Ерменија прогласи воена состојба и општа мобилизација. Одлуката стапува на сила од моментот на објавување. Сите да се пријават во нивните воени оддели. „За татковината, за победата“, напиша премиерот Никол Пашинијан на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This