,,MADE IN MACEDONIA”, ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По завршувањето на уставните измени брендот ќе биде забранет!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Брендот „Made in Macedonia“ ќе замине во историјата. Со завршувањето на уставните измени, не завршуваат обврските за Македонија од договорот со Грција. Според спогодбата од Нивици, во текот на 2019 година, откако измените ќе поминат во македонското Собрание и доколку договорот биде ратификуван во Грција, ќе следи формирање комисија со која ќе треба да се променат имиња и термини за комерцијална намена, трговски марки и заштитни знаци.

Премиерот Зоран Заев потврди дека во наредните три години ќе треба да се решат одредени проблематики, кои не биле приоритет да бидат решени во самиот договор. Неодговорено од првиот човек на владата остана прашањето на Алфа дали ќе дојде до промена на химната на државата.

-Договорот тоа го опишува, после тоа следуваат обврските на Парламентот на Грција. Со тоа после треба да почне да се применува. Односно во одредени делови имаме одредени рокови, во рок од толку и толку време ќе треба да се дефинираат одредени работи, работи кои што не беа од таков приоритет за да бидат конечно решени во самиот договор. Односно делот на она кое што таму е запишано во рок од 3 години да се решат одредени проблематики, изјави премиерот Заев.

Во договорот се вели дека страните се согласуваат да им дадат поддршка и да ги охрабрат нивните деловни заедници да воспостават искрен, структуиран и во добра волја дијалог, во чии рамки ќе бараат и ќе постигнуваат заемно прифатливи решенија за прашањата кои произлегуваат од имињата за комерцијална намена, трговските марки, заштитните знаци и за сите релевантни прашања, на билатерално и на меѓународно ниво.

Покрај оваа, формирана ќе биде и комисија за промена на македонската историја, каква што веќе е формирана како должност од договорот со Бугарија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This