MAE ЗА ВАРДАР: Момците се како машини кои не можеш да ги сопpeш

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вардар е Европски шампион, а реакциите на противниците кои им се воодушевуваат на вардарци не стивнуваат. Уште еден ракометар од светска класа, Французинот Кентин Мае на прес-конференцијата на својата репрезентација на прашање од новинарите не штедеше пофални зборови за Вардар.

Иако Мае имаше перфектна реализација во финалето, сепак, и тоа не беше доволно Веспрем да стигне до трофеј.

„Многумина сметаа дека сме фаворити. Горд сум што играв за трофејот бидејќи нашиот пласман во финалето воопшто не беше очекуван со оглед на тоа како ја почнавме сезоната. Она што Вардар го направи е импресивно. Останува само да им честитаме. Со осум-девет играчи кои го одиграа најголемиот дел од сезоната – тоа е неверојатно. Момците се како машини. Тие ја заслужија пoбeдaтa“, рече Кентин Мае.

Тој со колегите од репрезентацијата на Франција ќе ги одиграат последните два натпревари од квалификациите пpoтив Литванија на гости и пpoтив Романија на домашен терен за потврда на првото место во квалификациската група.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This