MAKEДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА ВО ПАНИКА:Рација на германската царина и полиција- Влегуваат во куќи и апcат поради работа на црно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 250 царински службеници пребараа 17 куќи и канцеларии во четвртокот на подрачјето околу Рајна, Баден-Витемберг, и северна Рајна-Вестфалија.

Двајца мажи на старост од 45 и 46 години фатени се во Хесен во текот на рацијата спроведена поради организирана работа на црно и прикривање на данок.
Најверојатно е уапсена и поголема група која ја оштетила државата за нешто повеќе од милион евра( социјално осигурување и данок).

Во текот на претресот пронајдени се и одземени повеќе од 200.000 евра во готовина, мобилни телефони, како и неколку луксузни автомобили и часовници.
Царината се сомнева дека работодавците своите вработени ги плаќале на црно, издавале фиктивни сметки за кои не се дадени услуги, а парите од сето ова биле префрлени во сметководството.

На социјалните мрежи се подигна вистинска паниkа поради овие pации, бидејќи Македонците кои работат нелегално во Германија стравуваат да не бидат уапcени.
Во тој случај им следува депортација од Германија, забрана за влез во државата на две години, а доколку во станот се пронајдат и заработените пари полицијата ги одзема.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This