April 24, 2024, 11:02 am

Makeдoниja е гeocтpaтeшka packpcницa претворена од cлeпци во cлeпo цpeвo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

       Почитувани, и покрај целосната фашистичка планетарна цензура, се надевам дека сепак допрела до вас веста за изведениот армиски преврат во постколонијален Мијанмар (колонијална Бурма) кој се случува после двомесечните масовни студентски протести во соседен Тајланд со барање за УСТАВНИ реформи. На овие два настани им претходеа неколкумесечните жестоки и пропагандно медиумски набилдани хонгконшки ,,револуционерни,, испади. Одеднаш, на неверојатно трпеливите земјоделци во Индија им пукна филмот и решија да тргнат во масовни демонстрации против најавената владина земјоделска реформа. За такви како мене во вакви случаи се пали сијаличката која ме тера да се наведнам над картата на светот за да видам која партија шах се игра со ваков вид на отворање. Оти да сте на чисто: Во светската геополитика нема случајности, нема случајно време и нема спонтанитет. Значи, зошто во одредено време на идентичен начин, одеднаш речиси симултано одредени држави или простори кризираат на сличен начин. По кројките на бурда на тајните служби ЦИА и МИ6 како главни изведувачи но и многу други кои во меѓувреме станаа моќни фактори. 

Едноставно затоа што западните центри на моќ кои до вчера беа колонизатори, робовладетели и узурпатори – пљачкаши се на крајот на времето кога владееа несметано со светот. Преку вакви организирани настани се обидуваат да го спречат она што фактички веќе се случи на Самитот на АСЕАН. А тоа е потпишување на историски и стратешки важниот договор на Азијците да соработуваат тесно меѓусебе на секое поле и, што е најважно споровите кои постоеле и ќе постојат и ги креирале колонијалните господари, меѓусебе да ги решаваат рационално и без надворешно мешање на евро-атланската до скоро арбитрерна ,,меѓународна заедница,,. Во Корона годината,  кога со помош на лабораториски вирус, произведен како биолошко оружје на повеќе места (Во Шпанија, во САД и Велика Британија на пример) и далеку пред 2019 во Вухан, намерно е кренато на ниво на смртоносна светска пандемија за да се спречи гниењето на западниот отчовечен фашистички империјализам и замени со глобален рисет враќајки го времето назад. Арно ама веќе е доцна.

Изумителите на оваа последна ујдурма ја загубија својата последна војна. Конечно се оформи Евроазија, а со тоа и новата нулта точка односно, пивотот, стабилносна – фиксна  точка на мерењето, магнитудата на настаните мерено на временската историска таблица. Големиот рисет се случи, ама не оној најавен во Давос што го сонуваат неофашистите додека ни ја пеат идиличната песна од филмот ,,Кабаре,, на Боб Фос (1973) кој е фактички синтеза на декаденцијата, а една песничка, романтична селска идила за сончеви зраци за распеани птички и нежен ветрец на крајот да се претвори во масовна хистерија на трансформирани ѕверосани Германци со расчепени муцки и  фашистички поздрав со ветување дека утрешнината им припаѓала на хитлерјугенд и воопшто Германците кои со Хитлер си мислеа дека еден им бил изборот и немаат друга опција.   

   Сега да се вратиме на настанот во Мијанмар и пискотниците што оркестрирано се кренаа во ,,слободните ем демократски и цивилизирани,, западни медиуми, а во одбрана на мијанмарските граѓански слободи, кои ги немаат уште кога беа британска колонија кога им го мавна од ропските им плеќи и нивниот сопствен крал кого со се фамилијата ги прати сургун, а ги тераше да ги почитуваат британските суверени. Море сакаш гласни осуди од страна на ЕУ и едно чудо ,,државници, на чело со Јапонија која предупреди дека превратот во Мијанмар ќе ја направел Кина помоќна. Оти Јапонија може да се фемка од фашизам до демек западна демократија, можел да окупира и поробува земји во Азија како Кина на пример, или Кореа на пример – ама Кина ќе станела многу моќна! Што е лошо. За узурпаторите. Затоа  итно, а по директива на газда Вашингтон со помошникот Британија се јави грогираната и корумпирана ООН, односно, Советот за безбедност во проширен состав. Биле загрижени и барале итно заседание за осуда на превратот. Значи чудо едно! Превратот во Венецуела, во Боливија, па оној во Турција  и во нашата Македонија со акламација и слободарски воздишки ги поздравуваа, ама лоши пучеви цивилизираниве западни дивјаци и човекојадци не признаваат и не поздравуваат. Ги прозваа по ,,бурда,, теркот веднаш да се произнеле со осуда Кина и Русија и оп! Прозваниве ги соочија со геополитичката ,,њу нормал,, ситуација. Оооодбиј! Ние во внатрешни прашања, одлуки и односи на суверени држави не се плеткаме. 

   Зашто сме во Македонија во која ,,традиционално,, со политика, посебно државна, се занимаваат главно подпросечни дибеци со ,,формално,, курсистичко образование и ич знаење, а сличен квалитет ни има и интелектуалата, односно, експертутската заедница која од азијските шах вариајнти знае да игра само ,,не љути се човече,, (а и тоа ептен лошо). Овој сој абер нема што е тоа геополитика на просторот. Еднаш се обиде еден од најпаметните современи Турци (министерот за надворешни работи Давутоглу во владата пред обидот за преврат)  на македонските парламентарци да им каже како треба да ја обликуваат или осмислат и водат македонската државна политика, ама џабе! Нашиве пробрани тутурутки или зеваа или си играа со мобилните. Човекот им говореше за пресудноста на географскиот простор во судбината на државата оти тој суштински ја одредува сегашноста и иднината на локалното население, а за што сведочи минатото. 

 Геополитиката е фокусирана на имање политичка моќ која е сврзана или зависи од географијата на просторот. Тоа ги вклучува и односите на интернационалните политички актери кои се фокусирани на одреден простор од различни интереси. Дали енергетски ресурси, водни и рудни богатства, дали транспортни коридори – се е во напната игра на сурова, валкана и елиминирачка конкуренција. Од овие причини просто не можам да се дочудам колку долго во ,,современа,, Македонија виреат само политички слепци кои не ги ослепел некој византијски деген, ами самите во име на покорност кон евроатлантизмот си ги вадат двете очи кликајќи НЕМАМЕ ИЗБОР И ИМА САМО ЕДНА опција. Па бре, мулиња низаедни! Велика Британија, империјата која го засра цел свет (минус само 9 држави кои директно не вкусиле што значи сурова англиска бестијалност)  веднаш откако кидна од пропалитетот ЕУ и паралелно со сенковитото учество во ,,револуционерните,, монтировки во Хонгконг, во Тајланд, во Малезија и сега во Мијанмар, паралелно се зачлени како ,,дописен член,, на АСЕАН и си склучи договор за трговија со 13 од земјите полноправни членки (37 мислам). И го склучи првиот вносен трговски договор тежок 70 милјарди фунти. Оти Британија, иако вулгарно расипана до коска, има врвна интелектуала, сериозна наука и секако способни образовани политичари кои гледаат далеку, њушкаат време беспрекорно, роварат затскриено и јавно глумат џентлменство и цивилизација, односно, исклучиво во свој интерес – гледаат далекувидо и прецизно. Па кинисаа пак во Азија за овојпат повторно да си ја пробаат среќата овојпат глумејќи господа. Па ако пак случајно најдат локални ропаци, корумпирани и алчни активисти и лидери, ујгун криминалци или некои азијатски учки, ќе ја дрндаат државата како памук за јорган повторно. Геополитиката, меѓу другото, е стратешка игра за моќ, а позиционирањето на фигурите на шаховската плоча зависи од полињата кои се дел од географијата на просторот. Говориме за држави раскрсници или како што ги нарекуваат, затвореници на географијата. Демек, стануваат жртви на датумот ако ги води дунстер елита или добитници на историски џек пот, ако имаат сјајни и визионерски водства кои умеат да гледаат големи геополитички слики и да го препознаваат безгрешно времето на тектонски промени.

Македонија ја има таа несреќа што после пропаста на старото македонско кралство и после распарчувањето на Македонија од страна на визионерот Јулиј Цезар, во целиот период на Источното ромејско царство, била невидлива и загулена вишок територија која ја пикирале азиски номадски племиња. Со пропаста на Византија и  доаѓањето на Отоманот,  Македонија прв и последен пат се обнови како обединета географска целина (во ропство додуша, ама каде – каде послободна од она каква е последниве 100 години и сега, ептен слободна – до тука бидува!) Македонија, ја викаат папок на светот. Ама изгледа малку се оние кои разбираат што значи тоа, а нема врска со романтика. Тоа е господо синоним за ПИВОТ точка. Односно, тоа е фиксна точка осначена со нула, а околу која ротира шестарот или попрецизно, тоа е место што обезбедува стабилност ротирајќи нешто што се врти (менува) или балансира. Ако таа точка бива клацкана или менувана без отпор, намерно поткопувана и на сила од она што се ниша, клацка и менува (односите во регионот или светот и нивните игри за моќ  и интереси) тогаш станувате повод за војни, жртва на мршојадци, плен на завојувачи, лабораторија на менгелеевите чираци во Грција, Бугарија и Албанија. Депонија за ЕУ, Полигон за воени вежби на НАТО фашистите, одгледување на учка борг хибриди и таквимити работи. Додека процесот на крчмење на Македонија си продолжува вопреки новата реалност во која ЕУ организацијата е статист – аутсајдер, а САД пропалитет држава или банана република со лобистичко уредување и фиксна британска постколонијална маша за разгорување воени огнови, а која долго се занесуваше дека е специјална империја со боговска моќ, гледам како нашиве ,,политици,, си чучат по ќошовите чекајќи напаствија за работа од нивните дегенерирани господари, а за која ги плаѓа народот што не го познаваат и не го признаваат. Ќе оделе на избори и на попис!? За кој андрак? Па бре уште не знаат дека светот има четири страни. Уште препознаваат само север и југ и тоа по инерција и долг тренинг. Абер немаат што се случува во моментов во светот и со тоа ја осудија Република Македонија на тонење во дупка без дно.

А треба само толку: Да скоцкаат државна политика што одговара на географијата на просторот и која е фикс. Да смислат стратегија на пивот држава позиционирана на геополитичка, геостратешка и економско – транспортна  раскрсница. Тоа значи да не прогласуваат единствени опции, да не влегуваат во смрдливите чмарови на регионални и светски играчи, ами да играат раскрснички: да не распродаваат национални ресурси, да бираат слободно партнери за соработка, а не за конфликти и бескрајни уцени, да се фокусираат на изградба на трговски и транспортни коридори да спроведат темелни образовни реформи, да престанат да крадат и да го задолжуваат народот, да постават способен ем непоткуплив домороден и домољубив сообраќаец на раскрсницата декорирана со функционални и прецизно штелувани и мобилни семафори која ќе управува со сообраќајот во сите правци – главни и споредни за да не дозволи застој, гужви и предизвикување хаос, гнев, конфликти за што секогаш ќе има странски интересенти. Што ќе рече да водат државна политика која нема да ја контролира никој од надвор, а ќе полага сметка само пред домицилниот народ.

Е да, ама за да почне македонското ново време треба најпрво да имаме саат што работи, па да имаме такви кадри кои знаат да читаат бројки, да бројат минути и секунди, па да се сетат конечно и да конституираат институт за геополитички студии кои ќе обучи прва генерација научници, експерти за оваа сфера, па да го тргнат север-југ поводникот што ги прави слепи при очи, а Македонија слепо црево и пропалитет од држава, иако е геостратешка земна, водна и воздушна раскрсница со самата просторна географија која не може да се промени од памтивек до денес. Целата македонска трагедија е што низ вековите малкумина сфатија зошто толку фрка и толку гнев се истура врз овој простор. Оние што знаеа, сите до еден беа ликвидирани во различни периоди.

Останаа и беа наменски одгледувани најмногу низ образовниот систем само слепци, глупаци и дрчни човечки тумори, па некако како да свикнавме дека наводно не не бивало за држава. Не бива! Генерациите пред нас со дела го докажуваа тоа. Ние, сегашниве, кикснавме најмногу. А божем најграмотни сме биле. Можеби, формално, ама изгубивме и дух и душа, па затоа на нас е и да платиме најскапо зашто се препуштивме на шопинг културата, инстаграм егзибиционизам модата, спонзорушкиот урбан менталитет, рушвет навиките, фаќањето врски како систем на вредности,  безделничењето и коцкањето во казината, апашлукот и корумпираноста како врвна општествена доблест. Дојде времето за освестување, за мобилизација и за дејство оти не чека длабинско генерално чистење. Новото време почна да тече. Курдисајте си ги часовниците за да не трчаме пак да ја бркаме рачката на последниот вагон на кинеско- рускиот или турскиот воз залаумфан во 21от па и 22 век…        

М. Велиновска  

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This