April 19, 2024, 11:32 pm

Bистиномер: Manипулација за Бил Гejтс со видео старо 6 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пост на „Фејсбук“, кој содржи клевета за Бил Гејтс дека е „антихрист“, со потконтекст дека е „сатанист“ и „педофил“ е објавено неодамна на социјалната мрежа, при што, освен 58-те споделувања има и повеќе коментари што одат на линија на теории на заговор и опасности од потенцијалната вакцина против ковид 19
Видеото што се пласира во рамките на постот е преземено од локален медиум KIRO 7, кој известува претежно со „брејкинг њуз“ од територијата на Западен Вашингтон, во истоимената американска сојузна држава на крајниот северозапад од САД.

Меѓутоа, ако се пребара по наслов, „Порно апсење во домот на Бил Гејтс“, ќе се открие дека видеото закачено на постот не е „тазе“, односно е старо цели 6 години. Се однесува на настан – приведување на Рик Ален Џонс, кој работел како инженер во одржување на огромниот имот и вила на Бил и неговата сопруга Мелинда Гејтс, кое се случило на 31 декември 2014 година. Во веста се нагласува дека уапсениот се товари за поседување фотографии на околу 6.000 силувани деца, но и дека фотографиите биле пронајдени на друго место, а не на имотот на Гејтс и дека бил следен од американските власти уште од 2013 година.

Видеото постирано како „ново“, е најавено со реченицата „Се стега обрачот околу антихристот Бил Гејтц“.

Вака пласирано, предизвика коментари, меѓу кои има и ваков:

Сега Филипче од кого ќе нарача вакцини? Шо ќе се праве? Треба Васко Ефтов да го прашаме за вакцини, тој бил кандидат за директор на СЗО

Или „Фала ти Боже“ и друг, „Конечно“

Сепак, има и други два коментара, кои укажуваат дека видеото е старо:

„Ова е од 2015“ и уште еден под него, „Ич да не се проверувало информација, само споделувај“

Постот што го рецензиравме само во последните 24 часа во моментот на рецензија бил погледнат повеќе од 100 пати, а вкупно преку 10 илјади пати и споделен е 58 пати во Македонија и во Србија. (vistinomer.mk)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This