Mapичиќ не ce чувствува одговopно: Cлyшнав Јовевски нapeдил отворање истpaга за бeгcтвото на Mиjaлков

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавното обвинителство отвори истрага за случајот со Сашо Мијалков и неговото исчезнување од 48 часа од почетокот на неделата. За ова веќе бил одреден и јавен обвинител.

Ова го изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, во синоќешното гостување во централниот дневник на Сител ТВ. Според него случајот треба да се води институционално, а јавното обвинителство е местото каде што треба да се заврши оваа работа.

– Слушнав дека Јовевски наредил отворање истрага за случајот бегство на Мијалков, назначил јавен обвинител кој треба да ги испита сите околности. Мислам дека е ред на јавното обвинителство со инструментите и информациите кои им се достапни да им ја соопштат на јавноста вистинската слика, нагласи истакна министерот за правда.
Тој дополни дека во неговиот неколкумесечен мандат максимално ги реализирал своите обврски поради што, лично, како што рече, не чувствува одговорност.

– Работата на Министерството за правда е да помага во регулација на законите, да им помага на судовите да добиваат повеќе ресурси од државата и секако, да креира политичка клима за правично судење и независно судство. Мислам дека во овој мој неколкумесечен мандат тоа максимално го правам. Предусловите се тука, судството треба да дејствува преку своите механизми. Јас не гледам во ниту една точка причина за моја одговорност, а секогаш сум подготвен, а и опозицијата има поднесено интерпелација, па ќе имаме прилика да разговараме во Собранието, во секое време, а и вчера имаше пратенички прашање за да утврдиме каде точно јас како министер би требало да сносам одговорност, рече Маричиќ.
Во врска со протестите за „Монструм“, министерот оцени дека ако судот вторпат одлучил исто, тогаш тука за политика нема место.

– Ова е еден од најтрагичните во нашата правосудна историја. Ова двојно судење конечно има судска разрешница. Знаеме дека имаше многу индикации и барања и од семејствата на жртвите и од семејствата на сторителите за повторување на постапката. Ако судот повторно врз база на сите докази, дошол до истиот заклучок, не треба политиката да прави ништо, рече Маричиќ.
На прашањето дали може да се очекува екстрадиција на двајцата осудени кои се во бегство на Косово, министерот повтори дека барање за нивно испорачување во земјава е веќе испратено, и од него и од претходната министерка за правда, Рената Дескоска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This