April 19, 2024, 10:18 am

Maкедонија повтopно излeгува на улица: Cлобода за ycтавобpaнителите, Hикoгaш Ceверна – Caмо Maкедонија, oвa e пpoглacoт и пpичинитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ЈАВЕН АПЕЛ ЗА МАСОВЕН СЕМАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ПРОТЕСТ НА 29 МАЈ!

Почитувани браќа и сестри Македонци по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината…

ПРАВДА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ и СЛОБОДА ЗА МАКЕДОНИЈА е можна само со рушење на марионетската влада на Зоран Заев! Како што војна не се добива со една битка, ниту влада се руши со еден протест! Ако не’ нема, како и да сме без мака… А, проблеми има премногу, натежнале кај сите и насекаде… Лагите на власта не можат да ги скријат сиромаштијата и емиграцијата – белата чума на 21 век… Мораме да бидеме упорни, трпеливи, единствени и што помасовно на улица!

Затоа, на 29 мај 2021 година ПРОТЕСТИРАЈТЕ!

Протестирајте против промената на името на државата Македонија!

Протестирајте против промената на идентитетот на Македонскиот народ!

Протестирајте против Договорот Заев-Борисов и Договорот Димитров-Коѕиас ништовни според меѓународното право!

Протестирајте против суспензија на референдумот од 8 септемвpи 1991 година!

Протестирајте против суспензија на референдумот од 30 септември 2018 година!

Протестирајте против ревизијата на македонската историја по барање на Софија и Атина!

Протестирајте против антимакедонизмот во сите сфери на општеството и државата!

Протестирајте против велепредавството од Владата на нацијата и државата и обидот Македонија од држава да се претвори во територија без народ и историја чии администратори би биле Софија и Атина!

Протестирајте против Законот за употребата на јазиците и јазичната федерализација на државата на штета на Македонскиот народ и етничките заедници во Македонија!

Протестирајте против методологијата на пописот на населението!

Протестирајте против стигматизацијата на семејството и замената на мајката и таткото со родител 1 и родител 2!

Протестирајте против нестандардните измени на условите за прием на македонско државјанство!

Протестирајте против продажбата на македонските национални интереси!

Протестирајте против дигиталните учебници!

Протестирајте против уникување на предметот по историја во основното и средното образование и катедрата за историја и Македонски јазик на факултетите!

Протестирајте против неоткупената реколта на тутун, грозје, јаболка, праски и зеленчук!

Протестирајте против неразумната продажба на земјиштето!

Протестирајте против нарко-картелите, против дрогата која ги убива младите!

Протестирајте против цензурата на социјалните мрежи и во медиумите!

Протестирајте за работничките права, за колективните права на работниците!

Протестирајте за минимална гарантирана плата и сатница достојни за пристоен живот!

Протестирајте за правата на вработените во Армијата и Полицијата!

Протестирајте за лицата со посебни потреби, за старите и немоќните, за децата без родители без соодветна грижа од државата!

Протестирајте за квалитетно образование, здравство, спорт!

Протестирајте за правда, за права и слободи, за демократија!

Протестирајте за правдено судство и независно јавно обвинителство!

Протестирајте за ослободување на сите УСТАВОБРАНИТЕЛИ од настаните во Собранието на 27 април 2017 година, бидејќи ПАТРИОТИТЕ НЕ СЕ ТЕРОРИСТИ И УБИЈЦИ ТУКУ РОДОЉУБИ !

Има 1000 причини да протестираме на улица, но ниту една да останеме дома и да бидеме неми набљудувачи додека марионетската Влада на Зоран Заев ја уништува државата Македонија, а Македонците по род и државјанство се иселуваат од својата татковина во светот поради дивеењето на башибозукот, нарко-картелите и мафијата во власта!

Да побараме предвремени парламентарни избори, да побараме нова влада која ќе ја врати правдата и довербата, редот и поредокот во државата, достоинството на нацијата!

Поради сето горенаведено, на 29 мај 2021 година (сабота) бидете уште побројни од претходниот протест, помасовно да бидеме во 18:30 часот пред Владата, а во 19:30 часот со марш до Собранието! Да го победиме стравот, заедно да ја освоиме победата и слободата, затоа што во единството е силата на народот, тоа е нашето најсилно оружје за ослободување на татковината, да ја вратиме светлината, надежта, верата и љубовта за Македонија!

Никогаш северна, само Македонија!

Целиот Фејсбук статус на Боби Темелков погледнете го тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This