September 22, 2020, 3:00 pm

MEСЕЧЕН ХОРОСКОП

Поврзано

Дневен xopockoп за вторник (22. септември 2020)

ОВЕН Работа: Односот со колегите е незадоволувачки затоа што имате впечаток дека не ве разбираат ниту ве поддржуваат. Љубов: За емотивна...

Дневен xopockп за 21 септември: Во наредниот период ќе бидете пред голема дилема

Овен Посакувате цврста и топла врска со саканата личност. Ако сте се во врска или во брак, ќе се посветите...

Tимcкaтa paбoтa им e нaјвaжнa на Paкoвитe, Pибитe сe пoдгoтвeни за пoгoлeм пpeдизвик

ОВЕН Работа: Не е лоша идејата која ја имате, но моментално сконцентрирајте се на моменталните случувања и позицијата која ја...
- Advertisement -


ОВЕН

Работа: Декември ќе донесе добри резултати и промени. Себеси и своите цели ги ставате на прво место.

Љубов: Кон средината на месецот ве очекуваат убави средби со саканата личност, како и нови почетоци. Повеќе внимание посветувате на вашиот изглед. Сепак, не очекувајте премногу од партнерот, тоа може да резултира со несогласувања, па дури и раскинување. Внимавајте на љубомората.

Здравје: Стабилно.

БИК

Работа: Вашата упорност носи резултати. Следете ја интуицијата, не одете на несигурни инвестиции, ако сакате да се стабилизирате финансиски.

Љубов: Искуствата и грешките низ кои сте поминале и кои ве разочарале нема да ги повторите. Знаете што сакате и каков партнер ви е потребен во овој период. Втората половина на декември ви носи пријателство со романтични и интересни луѓе, особено музичари. Искористете го овој период за емоционална стабилност.

Здравје: Помали здравствени нестабилности.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Декември е поволен месец да започнете со приватен бизнис. Ве очекува службено патување, теренска работа или семинар. Подобра финансиска состојба.

Љубов: Непланирани околности ќе ве поврзат со поранешениот партнер. Битна личност повторно се враќа во вашиот живот. Крајот на месецот ќе биде турболентен. Ќе имате потреба да излегувате и да запознавате нови луѓе. Можни се нагли и брзи влегувања во нова врска.

Здравје: Настинка.

РАК

Работа: Завршете со она што сте го започнале неодамна. Ако чекате, постои можност да бидете во непријатна ситуација. Слушајте ги совети од пријателите.

Љубов: Периодов ќе ви донесе голема љубов со стабилна и традиционална личост. Ако сте во врска постои можност за недоразбирање, особено ако од партнерот очекувате многу. Бидете трпеливи. Кон крајот на месецот се можни смирувања со некој од поранешните партнери.

Здравје: Внимавајте на дишните патишта.

ЛАВ

Работа: Подобар период за бизниси и работа. Ако барате работа, овој период е поволен за тоа. Искористете ги вашите способности и таленти.

Љубов: Ако не сте задоволни со сегашниот партнер, би требало да ја раскинете врската. Време е за промени. Избегнувајте груби и тврдоглави партнери. Барајте сериозни и стабилни личности.

Здравје: Стабилно.

ДЕВИЦА

Работа: Постепено се стабилизирате и конечно можете да владеете над сите настани. Ќе ви се стабилизира секако и финансиската состојба.

Љубов: Емоционално сте задоволни. Добивате нежност и поддршка од партнерот, а тоа ви дава моќ да ги решите важните проблеми во животот. Некои од вас планираат заеднички живот. Од крајот на месецов ќе влезете во еден од најуспешните периоди во годината. Овој период ви носи одлични односи со вашиот партнер. Бидете активни.

Здравје: Имајте мерка во сe’ што правите.

ВАГА

Работа: Се посветувате на себеси и на своите потреби и желби. Подобра финансиска состојба.

Љубов: Периодов ви овозможува подобрување на односите со партнерот. Многумина овој месец планираат заеднички живот. Не задоволувајте се со малите достигнувања. Што повеќе барате, повеќе и ќе добиете. Кон крајот на месецот избегнувајте конфликти со партнерот, можат лошо да завршат.

Здравје: Стабилно.

ШКОРПИЈА

Работа: Упорноста ќе биде исплатлива и ќе ви донесе стабилност. Добивате втора шанса. Наоѓате добри решенија за обврските. Имате поддршка од постарите членови на семејството.

Љубов: Многумина од вас ќе бидат во можност да се смират со поранешниот партнер, но не ги повторувајте истите грешки. Ве очекува љубов со постара личност поврзан со вашата работа. Пријателите ќе играат битна улога втората половина на месецот.

Здравје: Алергии.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Декември носи подобри решенија и промени. Ќе имате целосна стабилност и добри резултати. Финансиски добро стоите.

Љубов: Ако сте во врска или брак бидете претпазливи. Ако ветувате, треба тоа да го исполните – во спротивно ќе имате проблеми со партнерот. Постои можност за авантура со личност која живее во странство.

Здравје: Настинка.

ЈАРЕЦ

Работа: Повторно сте во форма, вратени ви се оптимизмот и желбата за промени. Финансиски стоите добро.

Љубов: Внимавајте на тајните врски. Сé што е во некоја смисла тајна, за вас може да биде многу ризично. Можна е обнова на врската со поранешниот партнер. Ова е месец на големи љубовни остварувања.

Здравје: Внимавајте на исхраната.

ВОДОЛИЈА

Работа: Подготвени сте за поголеми промени. Оптимистични сте и силни. До крајот на месецот ќе потпиштете нови договори.

Љубов: Голем дел од вас планираат заеднички живот со својот партнер. Појасно размислувате за поранешната љубов, а многу од вас ќе го изгубат интересот за старата љубов, со појавување на некоја нова личност. Чувствувате топла и позитивна енергија. Ве очекуваат денови на љубов и мир.

Здравје: Одлично.

РИБИ

Работа: Конечно излегувате од проблемите што ве следеле во текот на минатиот месец. Вашето трпение ви носи голема ментална цврстина и сигурност.

Љубов: Во овој период не е препорачливо да се блокира партнерот, без оглед на тоа дали сте во брак или врска. Не инсистирајте на она што во моментот вашиот партнер го одбива. Имате можност да се смирите со поранешната љубов и да се стабилизирате емоционално.

Здравје: Немате апетит.

Latest News

Пчeнкapни мaфини за yтpинcки oбpoк

Брзи и вкусни мафини за доручек. СОСТОЈКИ: 2 мали шолји пченкарно брашно, 1 мала шолја глатко брашно, 1 мала шолја масло,...

(Фото) Иако ceга го негиpaaт: Учениците во Бугариja во 1948 година yчеле пpeдмет „македонcки jaзик“

Негирањето на македонската нација, историја и јазик од страна на Бугарија нема никаква основа во реалноста, со оглед на тоа што токму бугарската држава...

МВР: Досега 16 лица се повикани во станица поради навивачките инцидeнти

Скопската плиција во изминатите денови интензивно работела на расчистување на двата настани во кои беа инволвирани навивачки групи и граѓани во Скопје, на подрачјето...

Мизрахи: Ние секогаш сме заедно со народот, затоа што сме столбот на државноста на Македонија

Како член на Извршниот Комитет на најголемата македонска партија ВМРО-ДПМНЕ јавно се заблагодарувам на претседателот Христијан Мицкоски и партијата за довербата. Ние секогаш сме заедно...

Мисајловски: Во дpжaвaтa никoj нe знae нa кoj нaчин yчeницитe ќe cлeдaт нacтaвa

Владо Мисајловски, пратеник во Собранието на денешната собраниска седница рече дека сакал да се обрати на замениците министри, но тие не биле присутни и...

More Articles Like This