Meга ckaндал: Модуларната бoлница во Тетово нemaла технички пpием

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Модуларната болница во Тетово е пуштена во употреба без технички прием. Сите модуларни болници низ земјава се изградени врз однос на посебен закон според кој обврска за технички преглед на готовиот објект нема. За готовите објекти било вршено само примопредавање.

Раководителот на Ковид центарот во Тетово пак потврдува дека пред примопредавањето имало повеќе проблеми со објектот.

Сител денеска побара одговор од МЗ кој вршел технички прием на модуларните болници. Од таму прво кратко ни рекоа дека одговорот на ова прашање се содржи во документацијата која е доставена до обвинителството и дека тие не сакаат да ја попречуваат истрагата.

Подоцна, во соопштение МЗ информираше дека откако изведувачот ги поставувал модуларните контејнери се вршело само примопревадање на истите.

„Примипредавањето го правеа инженери од МЗ, МТСП, како и претставници од изведувачот и болниците, со што модуларните контејнери се предаваа на болниците во целост согласно техничките спецификации од договорот“, соопшти министертсвото и ако дозволи обвинителството подготвени се да ја достават документацијата на увид.

Вчера пак, МЗ тврдеше дека модуларните болници низ земјава се пуштени во употреба по направен уреден технички прием.

Видеото погледнете го тука.

Извор: Сител

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This