April 24, 2024, 12:10 pm

Meга ckaндал: Kaмчев добил пpитвop на бapaње на cyдијaтa, а не на oбвинитeл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Митовски, уредникот на Инфомакс во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, зборувајќи за исвештајот на Стејт департментот за Македонија во кој правосудството е посочено како ноторен проблем, како пример го посочи неодамнешното апсење на Јордан Камчев кој беше приведен и ставен во притвор во постапка надвор од сите законски рамки. Камчев всушност, ја доби најсторгата мерка не на барање на обвинителот, туку на иницијатива на судијата.

„Обвинителката во предметот со Камчев ја бара најблагата мерка за обезбедување на Камчев, тоа е куќен притвор во таа ситуација. Судијата сам, иако е против законски, наспроти барањето на обвинителката, додава уште една точка, која што изискува тој за кој што се бара мерка за обезбедување да ја добие најстрогата мерка за обезбедување, ефективен притвор. Надвор од барањето на обвинителот. Законски е забрането, судијата да надвор од барањето на обвинителот. Судијата, напротив, секогаш, и согласно етичкиот кодекс треба да се стреми кон најблагата мерка.“, појаснува Митовски.

Тој додава дека не може да замисли што би можело да го мотивира еден судија, чија професија е хумана, да направи нешто вакво.

„Да бидеш човек којшто ќе му ја одземе можноста на некој притвореник да добие поблага мерка, бидејќи со таа точка два што ја додава судијата се одзема и можноста определување гаранција, за излегување од ефективен и одредување на куќен притвор, да бидеш таков човек, не знам што треба да ти биде ветено за да направиш таков зулум, толку да бидеш нехуман како судија, да му ја одземеш на човек можноста да добие поблага казна. Тоа би бил мазохист, којшто ужива во болка на некој друг“, коментира Митовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This