MEГА CKAHДАЛ: Учениците ќе развиваат идентитет на „граѓани на Република Северна Македонија“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за образование и наука ги усвои настваните програми за прво и четврото одделение според новата концепција. Наставните програми веќе се објавени на сајтот на Бирото за образование и наука.

И предметот кој предизвика најголеми несогласувања во јавноста, сега наречен „Историја и општеството“ ја доби новата наставна програма за четврто одделение. Наставната програма има три теми кои ќе ги обработуваат учениците:

-Моето опкружување
-Средината во која живеам
-Мојата држава

Една од работите кои ученикот треба да ја разбере и прифати е дека:

„Националниот идентитет, кој произлегува од припадноста на државата Република Северна Македонија, е битна компонента на идентитетот на сите граѓани на државата.“, како и дека:

„Секој има право да избере која религија ќе ја смета за своја, односно да избере да не припаѓа на ниту една религија/вера, без да има последици од направениот избор.“

Кога ќе се стигне до темата „Мојата држава“, според програмата, учениците треба да развиваат идентитет на „граѓанин на Република Северна Македонија“.

Предвидени резултати од учењето на оваа тема се:

Ученикот/ученичката ќе биде способен/способна да:
1. ги наведува и опишува важните настани од минатото кои се значајни за создавањето на современата македонска држава,
2. го идентификува Скопје како главен град и ги опишува неговите карактеристики,
3. прави разлика меѓу најзначајните државни институции,
4. го објаснува мултикултурниот/мултиетничкиот и граѓанскиот карактер на државата.

Ученикот/ученичката ќе развива:
5. почитување за различните етнички заедници кои живеат во Република Северна Македонија,
6. идентитет на граѓанин на Република Северна Македонија.

Според ваквата поставеност произлегува дека националниот идентитет на луѓето кои живеат во Македонија е „граѓани на Република Северна Македонија“, а не Македонци (како национална припадност, не етничка). Македонците се сведуваат на етничка заедница.

Извор: Фокус

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This