Meланија објави дека и синот Барон пpeлежал kopoна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првата дама на САД, Меланија Трамп, објави дека нејзиниот 14-годишен син Бaрон Трамп бил позитивен на коронавирусот. Барон немал симптоми на болеста, а сега веќе е негативен на вирусот.

Во соопштението Меланија навела дека нејзиниот син првично бил негативен откако било потврдено дека таа и претседателот на САД биле заразени, но по неколку повторени тестови, и Барон добил позитивен резултат.
Меланија напишала дека Барон е „силен тинејџер“ и дека немал никакви симптоми.

Претседателот Доналд Трамп, пак, веќе не може активно да го шири вирусот ковид-19 и може да се појави на настапот во Мајами во организација на Ен-Би-Си Њус, а да не ги зарази другите, рече американскиот епидемиолог Ентони Фаучи.

Тој во интервју за Ен-Би-Си кажа дека тој и неговиот колега Клифорд Лејн од Националниот институт за здравје ги прегледале сите тестови кои ги направил претседателот, и заклучиле дека претседателот не е веќе заразен.

Трамп на 2 октомври објави дека е позитивен на коронавирус и неколку дена примаше терапија во болница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This