November 28, 2021, 9:54 am

Moлк oд Заев, Филипче, Османи, Димитров за o6винyвaњaтa дeкa нe плaтилe нaвpeмe зa вakцинитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската влада не реагира на информацијата на адвокатот Александар Тортевски кој е член на раководството на партијата “Твоја” според кого македонските власти направиле пропуст и наместо навреме да ги обезбедат и платат вакцините преку ЕУ тие задоцниле и со тоа го одложиле рокот за добивање на вакцината за граѓаните.

“Наместо до 28.9. да склучат правно обврзувачки договор и да платат до 9.10., они пратиле правно НЕОБВРЗУВАЧКА изјава а платиле во Декември. Што не е јасно? Резултатот е 6 месеци вакцинација”, напиша Тортевски во дообјаснувањето на првичниот статус со кој открива огромен скандал поради кој може да настрадаат стотици илјади македонски граѓани.

Своите тврдења Тортевски ги базира на документи на ЕУ за набавка на вакцините.

По речиси 24 часа од неверојатното тврдење на Тортевски молчат и премиерот Заев, министерот за здравство Филипче и вицепремиерот за евроинтеграции Димитров како и сите други релевантни здравствени фактори.

Latest News

ДЕБАР ГО СЛАВИ АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ: Градоначалникот го поставил низ цел град

Денеска е ден на албанското знаме, па градоначалникот на Дебар Хекуран Дука го честиташе на фејсбук. Поради празнувањето во Дебар...

More Articles Like This