March 28, 2024, 11:08 am

MOБИHГ ВО СУДOT: Претседателката на cyдот во Гевгелија со тeпaњe и kaзнyвање се зakанувала на вработени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По објавување на текстот „Судски совет во вонредна контрола кај „кравите и свињите“ на Злата Попова во гевгелискиот суд“, во редакцијата на Сведок  која ја објави приказната, почнале да пристигнуваат низа сведочења за малтретирањето што го трпеле вработените во гевгелискиот суд. Лицата кои сведочат се исплашени поради блискоста на Попова со притворената Катица Јанева не знаеле каде и кому да се обратат.


Но, сега, кога ги виделе членовите на Судски совет во посета на судот во Гевгелија, но кои не нашле време да се сретнат со нив, решиле до Судскиот совет и до јавноста да напишат писмени изјави за се што им правела Злата Попова, од заканите дека ќе ги тепа, до секојдневното викање и казнување, преку обидот да ги мава со хартија, за што неколкумина или побарале преместување или си дале отказ.

Прва беше објавена изјавата на досегашниот информатичар на судот, кој не можејќи да ги истрпи навредите и понижувањата од Попова си дал отказ. Ќаев му пишува на Судскиот совет дека Попова го навредувала со „сељак од Стојаково“, не му давала одмор, му ги скратила додатоците на плата и постојано му се дерела, со што, наведува Ќаев му го згорчила животот, па воздржувајќи се да не направи некаква глупост кога го навредувала, решил да го напушти судот.

Целиот текст овде

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This