March 29, 2024, 12:33 pm

MOЖНА ЗЛОУПОТРЕБА: Кинеските власти сакаат да ја прошират примената на здравствените апликации, јавноста се противи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Локалните кинески власти сакаат да ја прошират употребата на здравствени баркодови, кои одиграа клучна улога во борбата против коронавирусот во земјата, но тие најави предизвикаа загриженост за приватноста и безбедноста на личните податоци.

QR-кодовите вградени во популарните апликации WeChat и Alipay на паметните телефони ги користеле објавите на корисниците и автоматски собраните патни и медицински податоци за да им дадат на луѓето црвена, жолта или зелена ознака за веројатноста за појава на инфекција со коронавирус.

За да можат слободно да се движат, жителите во Кина треба да имаат зелена ознака. Од февруари, кога влегуваат во ресторан, парк или на друго место, треба да го покажат својот здравствен баркод.

Тогаш имало само мал отпор на јавноста поради баркодовите кои се сметале како неопходна алатка за рестартирање на економијата.

Но, тоа се смени кога властите во Хангжу предложија доделување здравствен беџ за секој жител. На тој начин жителите би се оценувале до максимум 100 поени користејќи ги податоците од нивните здравствени картони и животните навики.

Резултатот на жителите би се бележел според тоа колку вежбале, што јаделе и пиеле, дали биле пушачи и колку спиеле минатата ноќ.

Соопштението предизвика многу критики од корисниците на социјалната мрежа Веибо, која е слична на Твитер, и предизвика расправа за приватноста и безбедноста на податоците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This