April 19, 2024, 12:07 pm

Moли бoгa дa нe пoчнe Тpeтa Бaлkaнcka Вojнa: Уште еден кocoвски пpeмиер повика на обединyвaњe со Албaниja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Курти сака референдум за обединување со Албанија.

Поранешниот косовски премиер и лидер на движењето Самоопределување, Албин Курти изјави дека на Косово треба да му се даде право да се обедини со Албанија со мирни средства, односно со референдум.

Во разговор со уредниците на списанието Оксфорд, Курти рече дека движењето на чие чело е тој верува дека обединувањето со Албанија не смее да предизвика нов балкански конфликт.

Ние сакаме да добиеме право на референдум и не сметаме дека насилството е патот до обединувањето – рече Курти.

Тој изјави дека го поддржува обединувањето доколку процесот се одвива на демократски начин, објави приштинска Коха, а пренесува РТС.

Резултатот мора да се почитува, но во никој случај не смее да започне третата балканска војна, рече Курти.

Инаку, на 14 февруари се одржуваат избори во Косово, а Врховниот суд во Приштина ја потврди претходната одлука на судовите, според која Курти, поради претходните пресуди, не може да се кандидира за член на парламентот на таа држава.

Според последните анкети на јавното мислење, партијата на Курти има поддршка од нешто повеќе од 44 отсто од испитаниците, односно двојно повеќе од втората најсилна партија, Демократската партија на Косово.

Инаку Курти е вториот поранешен косовски премиер, по Рамуш Харадинај, кој јавно се залага за референдум за обединување со Албанија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This