NASA ИЗБРА КОМПАНИЈА: Треба да се почне со комерцијализација на Меѓународната Вселенска Станица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оваа компанија ќе треба да изгради барем еден модул којшто би се прикачил на вселенската станица.

Меѓународната Вселенска Станица е пример за соработката помеѓу нациите за поголема цел. Оваа станица е во орбитата на Земјата веќе 21 година, а е изградена и одржувана од страна на САД, Русија, Јапонија, Европа и Канада.

Истата се користи од астронаутите од овие, но и други земји со цел извршување на научни истражувања поврзани со Земјата, но и такви кои може да се направат само во минималниот ефект на гравитацијата кој го има во ниската орбита.

Станицата сепак со тек на време ќе стане отворена и за остатокот од населението, барем за тие што на почетокот ќе може да си го дозволат тоа, како и за астронаути од други приватни компании.

NASA за таа цел ја избра компанијата Axiom Space од Хјустон, Тексас која ќе треба да изгради барем еден модул во којшто ќе може да се живее и кој ќе биде отворен за комерцијални цели.

Од NASA дури замислуваат целосно комерцијализирање на станицата со што тие ќе станат само клиент на приватните компании кои ќе ги развиваат новите модули.

Од државата Тексас истакнуваат дека со ова се докажува дека Хјустон е вселенски град кој отсекогаш бил меѓу првите во светот со развојот на вселенската технологија, а овој град е и познат во филмовите по тоа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This