April 16, 2024, 10:49 am

Oбeдинeтoтo Kpaлcтвo вo cлeднитe 4 гoдини во СЗО ќе пapтиципиpa co 430 милиoни фyнти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска на Генералното собрание на ОН во Њујорк ќе соопшти дека Обединетото Кралство за 30 отсто ќе го зголеми својот придонес кон Светската здравствена организација (СЗО), но и дека истовремено бара нејзина реформа и повикува на обновување на прекуграничната соработка, јавија британските медиуми.

Во снименото обраќање до Генералното собрание на ОН, Џонсон ќе посочи дека пандемијата на COVID-19 ги зголеми бариерите за трговија.

– По девет месеци борба против COVID-19, во прашање беше доведен и самиот поим за меѓународна заедница. Ако не се обединиме и не го свртиме огнот кон заедничкиот непријател, сите ќе изгубиме. Сега е време човештвото да ги прескокне границите и да ги затвори тие грди пукнатини, пренесоа британските медиуми делови од говорот на Џонсон, што им се доставени на медиумите.

Неговиот план предвидува глобална мрежа на истражувачки центри, поголем капацитет за производство на вакцини и договор за намалување на извозните тарифи воведени на почетокот на пандемијата.

Британскиот премиер ќе сооопшти конкретно дека Обединетото Кралство во следните четири години за СЗО ќе одвои 340 милиони фунти, 30 проценти повеќе отколку во претходниот период.

Обединетото Кралство, заедно со Франција и Германија, но со барање за реформа, го поддржува СЗО, која се соочи со критики за нејзиниот одговор на пандемијата на коронавирусот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This