Oва е вистинската намена на архитектонското чyдo Кинески ѕид

Поврзано

- Advertisement -

Израелските археолози го негираа митот, според кој Големиот Кинески ѕид бил предвиден само за заштита од нападот на Монголите.

Според заклучоците на истражувачите, дел од градбата на ѕидот се користела за контрола на трговските патишта и собирање данок, пренесуваат од „Phus.org“.

Експертите првпат ја внеле на картата Северната линија од ѕидот, со должина од 740 километри која што се наоѓа на територијата од современа Монголија.

Таму ѕидот поминува низ долината, со помала висина е и се наоѓа покрај патиштата кои што не се користеле за воени цели.

Според зборовите на научниците, тоа укажува дека Кинескиот ѕид го ограничувал движењето и на цивилното население и стока, олеснувал собирање на данок, особено во време на студениот период од годината, кога луѓето ги носеле домашните животни во потоплите јужни пасишта.

Северната линија или Ѕидот Чингискан, бил изграден помеѓу 11-ти и 13-ти век. Изградбата на самиот Голем Кинески ѕид започнала во третиот век и траела до 1644-та година.

Неговата должина изнесува над 21.000 километри, што го прави најголемата спектакуларна архитектура во историјата на човештвото. Неговата дебелина изнесува најмалку десет метри, поради што тешко е да се забележи од вселената.

Latest News

Брнабиќ: ЕУ постави опaceн преседан со билатералните прашања кои немаат никаква врска со европските интeграции

Постои опасен преседан кога станува збор за билатералните прашања, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ по вчерашната меѓувладина конференција со...

More Articles Like This