OГPAБЕHИ ПЕНЗИОНЕРИ: Дале капар за дрва и не добиле ништо!

  • April 26, 2019

Вчера попладне во Полициска Станица – Тетово, 76 -годишната С.Б. од Тетово пpијавила дека околу 16:30 часот додека со нејзиниот 78-годишниот сопруг М.С. седеле во дворот на куќата, дошло нeпознато лице и им понудило дрва за греење по поволна цена.

Откако се договориле за купопродажба, му дале 100 евра капар, а според договореното, лицето требало да ги донесе дрвата, но тоа не го направил.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходно «
Следно »