October 27, 2021, 4:01 am

Oдлyкaтa e дoнeceнa: Oвa ce нoвитe цeни нa гopивaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,91 % во однос на Одлуката од 3.8.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.08.2021 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,105 денар/килограм и сега ќе изнесува 36,876 ден/кг.

Од 10.8.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 74,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 62,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 36,876 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: бензинот за 2,646%, дизелот за 3,041%, екстра лесното масло за 2,917 % и кај мазутот намалувањето е за 3,215 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,548 %.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 10.8.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Latest News

(Видео) Пентагон алapмира: ИСИС-К е потполно способна да ги нaпaднe САД во рок од 6-12 месеци

ИСИС-К и Ал Каеда би можеле да имаат способност да нападнат американски цели за „6-12 месеци“ - изјави Колин...

More Articles Like This