September 24, 2021, 6:27 pm

Oд дeнecкa вakцинaциja пpoтив Koвид-19 бeз зaкaжaн тepмин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од денеска граѓаните може да примат вакцина против Ковид-19 без да закажат термин за вакцинација, а во над сто населени места во општините во цела држава почнува теренската вакцинација.

Граѓаните кои ќе се вакцинираат без да закажат термин за вакцинација првата доза ќе може да ја примат во пунктовите во здравствените домови, болници или поликлиники во градовите, односно во постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи. Вакциналните пунктови во јавните здравствени установи, ќе имаат работно време, кое е објавено на вратите на установите.

– Во Скопје вакцинирање без закажан тремин, ќе има во Поликлиниките „Јане Сандански“, Букурешт и Чаир, кои ќе работат од 7:30 до 19:30 часот. Од утре ќе се отвори и нов вакцинален пункт во Поликлиниката во Шуто Оризари кој ќе работи од 7:30 до 14:30 часот. За вакцинација, доволно е само желба и задолжително документ за лична идентификација, за здравствените работници да ги запишат вашите податоци и да бидете евидентирани во ситемот „Мој Термин“. Во спортските сали ќе се врши масовна ревакцинација и таму нема да се вакцинираат граѓани кои немаат термин за вакцина. Овие месеци се одличен период кога бројките на новозаразени и хоспитализирани се намалени, достапноста на вакцините е голема, соопшти Министерството за здравство и апелира сите граѓани да дојдат и да се вакцинираат, бидејќи тоа е единствен начин да заврши оваа пандемија.

Процесот за теренска вакцинација, пак, е организиран во соработка со здавствените домови од секој град, локалната самоуправа и месните заедници, а секој граѓанин кој сака да се вакцинира со себе треба да има важечки документ за идентификација. Од Министерството за здравство информираат дека сите вакцини во земјава се безбедни и ефикасни и спречуваат тешки симптоми или смрт од коронавирусот.

Согласно вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.876 тестирање, при што се регистрирани 14 нови случаи со Ковид-19, од кои осум во Тетово, три во Гостивар, два во Скопје и еден во Струга. Регистрирани сe и двајца оздравени пациенти и тие се од Скопје, а не се регистрирани починати пациенти.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.797, на оздравени пациенти е 150.126, на починати е 5.487, а на активни случаи изнесува 184 од кои 64 во Скопје.

Latest News

Oд утре нови pecтрикции во Црна Гора

За влез во трговски центар, во гостителски објек, но и во мега и хипермаркети во Црна Гора ќе биде...

More Articles Like This