OД КАДЕ МУ ИНФОРМАЦИИ НА КУРТИ: Избори во Македонија ќе има во јули

Поврзано

Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот мoлк

По 20 дена во кои партиите и коалициите ја претставуваа својата понуда пред граѓаните, денеска завршува изборната кампања и...

Во тpкaтa за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии

Граѓаните на Македонија на предвремените парламентарни избори ќе можат да гласаат за кандидатските листи на 15 коалиции и партии...

Мицкоски во Штип, носителите на листи на средби со граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и носителите на листи денеска ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава...

– Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти денеска повторно се заложи за вонредни парламентрни избори во неговата земја, наведувајќи неколку држави во кои тие ќе се одржат во наредните месеци, меѓу кои и Македонија која, според него, ја чекаат избори во месец јули, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на Фејсбук по повод два месеци од изгласувањето недоверба на неговиот кабинет во Собранието на Косово, Курти повторно се спротивстави на формирање нова влада од постоечкиот парламентарен состав, нагласувајќи дека единствено решение во оваа ситуација се парламентарните избори.

Во очекување на одлуката на Уставниот суд, која треба да биде донесена до 29 овој месец, за уставноста на доделувањето на мандатот за формирање нова влада од страна на претседателот на државата Хашим Тачи на второрангираната партија на последните избори, Демократскиот сојуз на Косово, Курти порача дека „по здравјето на населението и на стопанството, во прашање е и здравјето на демократијата“.

– Денеска се навршија два месеци од изгласувањето недоверба. На 25 март на здравствената се надодаде и политичка криза. Меѓутоа ние се изборуваме. Вчера беше првиот ден, од 13 март, без заразени од коронавирусот. Институционален грч? Не е вистина. Несогласувања има, но има и решение. Согласно нашиот Устав, потребни се нови избори. Тие веќе се одржуваат низ Европа. (…) Избори ќе има во јуни во Исланд, Франција и Србија, додека во јули во Македонија, Шпанија и Хрватска. Треба да имаме (парламентарни) избори и ние во Косово, а и локални во Подујево. Дури, може и во исто време, напиша Курти.

Актуелно

(Видео) Следете во живо: Мицкоски на средба со жителите на Крива Паланка

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, вечерва оствари средба со жителите на Крива...

(Видео) И Ники пролупа, не е лесно кога треба да одговараш за велепpeдавство

Досега невидено издание во јавноста на министерот за надворешни работи Никола Димитров кој на вчерашниот предизборен митинг на СДСМ покажа многу емоции кои досега...

(Видео) Следете во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Кратово

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, и кандидат за премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес оствари средба со жителите на Кратово. Следете го во живо неговото...

(Видео) Избришана последната “бoмбa” со “кoмбинaциитe” на Заев за промена на името

Видео платформата Јутјуб од непознати причини го урнала профилот од кој беше објавена последната бомба за Зоран Заев во која тој зборува како се...

МИХАИЛОВ : Додека криминалот и поткупот со дрва влегува во финалната фаза, првиот шумски полицаец парадира на партиски средби!

Дали и во кое својство првиот човек на шумската полиција и тоа во работно време парадира покрај генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, а...

Повеќе вести