October 27, 2021, 4:35 am

Oд пoнeдeлник и вo Македонија лицaтa нaд 60 гoдини ќe мoжaт дa пpимaт тpeтa дoзa oд вakцинитe пpoтив Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Трета доза вакцинација за сите лица кои се над 60 години, а кои пред шест месеци ја примиле втората доза, препорача Комитетот за имунизација. Трета доза се препорачува и за здравствените работници без разлика на нивната возраст кои работат во ковид центрите, но и за пациентите кои се имунокомпромитирани. Ова вчера го соопшти министерот за здравство Венко Филипче кој појасни дека третата доза ќе биде со Фајзер вакцината, без разлика со која вакцина претходно сте се имунизирале.

Се најавува и скрининг на генералната здравствена состојба на населението, како и брзи антигенски тестови тестови за учениците во основните и средните училишта во државата.

Министерот Филипче кажа дека и граѓаните кои имаат примено две дози вакцини во странство, третата доза ќе можат да ја примат кај нас во кој било вакцинален пункт.

„Надмината е бројката од 700.000 граѓани кои се вакцинирани со две дози, што значи дека 37 отсто од вкупното население во земјава е имунизирано. По старосни групи 74 проценти од лицата над 70 години се вакцинирани, 65 % над 60-годишна возраст, 60% над 50 години, 55 % над 50 години и 31% се имунизирани лицата од 18 до 39-годишна возраст. Верувам дека интересот нема да се намалува, за да стекнеме колективен имунитет“, рече Филипче и дополни дека сепак има една одредена бројка од 1.500-2.000 граѓани на ден што се пријавуваат за прва доза на вакцина.

Скрининг, како што навести Филипче, ќе почне да се спроведува и на учениците во основните и средните училишта во државата, за што методологијата ќе биде детално презентирана. Скринигот на учениците, како што кажа тој, се должи на фактот дека тука има одредена, многу мала трансмисија, меѓутоа, скринигот ќе се прави поради тоа што многу често децата се и асимптоматски носители.

Тој напомена дека станува збор за правење брзи антигенски тестови за ковид-19, а детали за овој пристап, како што рече, ќе кажат во наредните денови, бидејќи, според министерот, ова бара одредена подготовка, во однос на согласност од родителите.

Latest News

(Видео) Пентагон алapмира: ИСИС-К е потполно способна да ги нaпaднe САД во рок од 6-12 месеци

ИСИС-К и Ал Каеда би можеле да имаат способност да нападнат американски цели за „6-12 месеци“ - изјави Колин...

More Articles Like This