Oд утре почнува етапната исплата на јануарските пензии

Поврзано

Буџетот во дефицит: Од денеска сите должиме по 100 eBpа повеќе

Македонија се задолжува за нови 700 милиони евра. Министерството за финансии ја издаде осмата еврообврзница. За неа ќе платиме...

Во долгoви до гyша: Со осма обврзница по ред, Македонија се задолжи со дополнителни 700 милиони евра

Македонија денеска ја издаде осмата по ред еврообврзница, која е во вредност од 700 милиони евра со рочност од...

Владата одлучи: Соодветна етничка зacтапеност и во приватните фирми

Денеска Владата на Република Северна Македонија го разгледа и прифати Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување...
- Advertisement -

Oд утре почнува етапната исплата на јануарските пензии со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19, информира Министерството за труд и социјална политика.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата. Утре ќе се врши исплата на пензии со висина до 11.000 денари, во среда на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари, во четврток на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари, а во петок ќе се исплаќаат пензии во висина над 18.000 денари.

Од МТСП соопштуваат дека пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат утре. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.

Од Министерството апелираат до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје и потсетуваат на обврската за носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.

Latest News

Јакимовски со честитка до Богоев за неверојатната инвестиција од 4800 евра

Лидерот на ГРОМ и екс-градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, на социјалните мрежи му честиташе на неговиот наследник, актуелниот градоначалник,...

More Articles Like This