Oд утрово гужва на ГП „Богородица“, се чека половина час

  • June 30, 2019
  • Коментари

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на ГП Богородица каде времето на чекање е околу 30 минути, информира Автомотосојузот на Македонија.

Поради одрони на патниот правец Кочани – Македонска Каменица кај село Истибања, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози.

Претходно «
Следно »