October 16, 2021, 9:36 pm

Oпoжapeни двe вили вo Kapбинци: Пoжapникapи ce бopaт co плaмeнoт – oвa ce дeтaлитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Две вили се опожарени од кои едната и целосно изгоре во големиот пожар во атарот на општина Карбинци. Пожарот е почнат пред околу еден час, но поради ветерот зафатена е голема површина на земјоделско земјиште и култури, а во опасност се доведени и објекти.

Градоначалникот на Општина Карбинци Јордан Насев за МИА вели дека од едната вила евакуирано е едно лице со инвалидитет. Пожарот се шири брзо поради ветерот и веќе е пристигнат кај препумната станица за вода во близина на село Радање.

Насев вели дека е ангажирано месното население кое им помага на штипските пожарникари кои веднаш се јавиле и дошле на опожарениот дел. Проблем им создаваат одредени шумски појаси каде што се издигнуваат пламени по неколку метри.

Засега никој не коментира која е причината за овој голем пожар во општина Карбинци.

Инаку, ова е веќе трета голема огнена стихија во општина Карбинци за речиси еден месец. Пред повеќе од половина месец изгореа 300 хектари житни култури, овошни и лозови насади. (МИА)

Latest News

Aпчeтo пpoтив кopoнa „мoлнyпиpaвиp“ во Европа до крајот нa гoдинaтa

Првите апчиња против коронавирус кои ќе може да се пијат и без да се оди во болница, можно е...

More Articles Like This