Oткpиeнa цpнa дyпкa: Hаучницитe изнeнaдeни oд нejзинaтa близинa дo Сончевиот систем

Поврзано

Нашето семејство изгуби верен пријател: Барак Обama се прости од Бо, кучето кое живееше во Белата куќа скоро 8 години

Нашето семејство изгуби верен пријател: Барак Обама се прости од Бо, кучето кое живееше во Белата куќа скоро 8...

Светски познат невpoxирург пpeдупредува: Ако не ги знаете овие 10 работи, за вас нема cpeќа и здpaB живот

Правилата за среќен и здрав живот секако се балансирана исхрана и физичка активност, но тоа не е сè! Познатиот...

ШТО НАУЧИВ ЗА 50 ГОДИНИ ЖИВОТ: Децата ќе пораснат, родителите ќе починат, но..

Времето си проаѓа. Животот се случува. Оддалеченоста раздвојува. Децата ќе си пораснат. Љубовта избледува. Срцата се кршат. Кариерите завршуваат. Работите доаѓаат и си одат. Родителите умираат. Колегите ги...
- Advertisement -

Астрономерите откриле црна дупка што би можела да постави неколку рекорди – најмала црна дупка досега откриена, и најблиска до Земјата пронајдена до сега.

Именувана како „Еднорогот“ црната дупка се наоѓа до црвениот џин В723 Мон, која се наоѓа во констелацијата Моноцерос.Тоа е на само 1 500 светлосни години од Земјата, и небесното тело има маса 3 пати поголема од таа на Сонцето.

До скоро научниците сметаа дека не постојат црни дупки помали од 30 сончеви маси, што го прави ова навистина интересен феномен.

Се разбира, црните дупки по природа се навистина предизвик да се забележат.Научниците ја открија оваа црна дупка по ефектите што ги создава на својата ѕвезда придружничка. Нејзината светлина се менувала во интензитетот на различни точки во нејзината орбита, наведувајќи на тоа дека се деформира во неприродна форма поради гравитацијата на нешто во близина.Бидејќи не е бинарен систем, црната дупка е најверојатен кандидат.

„Како што гравитацијата на Месечината прави дисторзија на Земјените океани, предизвикувајќи високи плими, така и црната дупка прави дисторзија на својата ѕвезда, деформирајќи ја во процесот.“ изјави Тод Томпсон, ко-автор на истражувањето. „Наједноставното објаснување е дека е црна дупка – и во овој случај, наједноставното објаснување е и најверојатно.“

Научниците тврдат дека вакви вселенски феномени ке зачестуваат поради напредокот на технологијата и моќните сателитски телескопи.

Latest News

Бугарија дoби тeхничкa влaдa – eвe кoj e нaзнaчeн зa пpeмиep

Официјално Бугарија оди на нови избори на 11 јули. – Ќе ги организира привремената влада на чие чело ќе биде...

More Articles Like This